„Клик Плус“ дебата – Каде водат економските политики на власта?
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2018
Економските политики кои ги води владата имаат позитивни, но и мерки кои на долг рок нема да дадат резултат, смета поранешниот министер за финансии Трајко Славески, коемнтирајќи го прашањето кадр водат економските политики на власта во дебата на Клик плус.
За последното задолжување преку еврообврзницата од половина милијарда евра смета дека не требало да биде толку таинствено, бидејќи на крајот парите треба да ги враќаат граѓаните и заслужуваат да знаат на што ќе се трошат парите .
„Се поминува во една релативно мирна атмосвера. За разлика од претходните години при издавањето на последните две еврообврзници и задолжувања кога имаше една хистерија, подгреана од тогашната опозиција, опозициските медиуми, невладини организации итн. Која отиде до таму да се пишуваат писма до инвеститорите за да се оцрни Република Македонија и владата да никој не инвестира во Македонија и тоа веќе го немаме и тоа е веќе еден можен добар сигнал дека општеството се смирува“, вели Славески.
Министерот задолжен за развој на домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, преку бројки ги претстави заложбите на владата да ја подобри состојбата во економијата. Приватниот сектор вели работи послободно без притисоци и закани од инспекторите. Најави и нови странски инвестиции кои според него оствариле позитивни средби со државниот врв.
„Околу 3.6 милијарди денари се за патна инфраструктура, комунална и енергетска шест милијарди денари. Само уште неколку ќе набројам, 330 милиони за 45% повеќе од лани се наменети за рурален развој каде ќе се гради инфраструктура. Морам да напоменам дека во Република Македонија има само 18 отсто канализациска мрежа“, додава Шапуриќ.
Целата дебата погледнете ја во видеото: