23 Октомври, 2017
0.4625
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Климатските промени погубни за земјоделскиот труд - МЗШВ со конкретни мерки

Објавено во: Агробизнис 20 Септември, 2017

Маврово вчера и денес е град домаќин на работилницата „Намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени“ која се спроведува со техничка помош од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации и на која присуствуваат странски експерти од мисијата на ФАО, како и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Во рамки на работилницата обраќање пред учесниците на тема „Интегрирање на политики за адаптирање кон климатските промени во Македонија“ имаше токму министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Професорите и експертите од ФАО ја имаа честа прв пат пред високо официјално лице од министерството да ги соопштат своите мислења, проекти и идеи во врска со проблемите од овој сегмент – климатски промени и како да се намали нивното влијание врз земјоделството.

„Oва е прв проект што министерството го реализира а кој што ги третира климатските промени кои што се особено значајно прашање и за секторот земјоделство но и генерално за Македонија затоа што особено нашата земја беше погодена годините наназад од климатските промени. Тоа земјоделието најдобро го почувствува со сите оние промени кои ни се случија во 2015/16 година вклучително и 2017 година.

Огромни се штетите кои ги трпи земјоделското производство и генерално земјоделците и токму затоа ова е прашање за кое што навистина се става голем фокус и ова е еден од клучните проекти кои што ги започнавме а во рамки на чиј проект денес сме информирани за самите резултати кои што ги добивме“, рече министерот Николовски.


Земјоделството - најранлив сектор во економијата на Македонија

Поплави, суши, топлотни бранови, пролетни мразови ... се временските непогоди кои во последните години земаат замав, на кои не е имуна ниту Македонија, а оттука и земјоделското производство и водните ресурси.

Имајќи го предвид фактот дека Македонија се наоѓа во регионот на Југоисточна Европа каде се очекуваат големи промени на климата паралелно на тоа се очекуваат и сериозни последици врз производството на храна. Токму затоа бидејќи со предизвиците веќе се соочуваме потребна е навремена реакција, посочи министерот Николовски

Поплавите од 2015 година „потопија“ 13,6 милиони евра 

Временските непогоди кои пред две години поплавија 44 општини во државата му нанесоа директен удар на земјоделското производство.

Штетите се проценија на 13,6 милиони евра.

Раните пролетни мразеви, поплави и удари од град во текот на минатата 2016 година пак нанесоа сериозни штети во земјоделското производство кои се проценуваат на околу 27 милиони евра. 

Од елементарната непогода во август 2016 скопскиот регион се соочи со големо невреме пропратено со поројни врнежи кои предизвикаа големи поплави и доведоа до загуби на човечки животи а земјоделското производство претрпе огромни штети и загуби кои се проценуваат на околу 4,4 милиони евра. 

Земјоделците на удар и оваа година

Според министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство раните пролетни мразеви предизвикаа штети во 32 општини ширум државата на околу 13.408 земјоделски стопанства. 

Втората временска непогода го зафати Тетовскиот регион односно подрачјето на Порој кое беше зафатено со обилни врнежи што предизвикаа поплави во тоа подрачје. Во текот на месец јуни, повеќе подрачја беа зафатени со пороен дожд, електрични празнења проследени со силен град. Градот предизвика оштетување па дури и целосно уништување на земјоделските посеви во 4 општини во земјава.

Неопходни се ефективни мерки за ублажување на последиците од климатските промени, смета министерот Николовски

Погоре посочените временски неприлики и воглавно климатските промени бараат неопходен, соодветен и навремен одговор на предизвикот, со преземање ефективни мерки за ублажување на последиците.

Министерот Николовски ги наведе конкретните чекори кои што МЗШВ планира да ги преземе за справување со негативното влијание на климатските промени врз земјоделството и земјоделското производство за животот во руралните средини, социјалната сигурност и намалувањето на сиромаштијата.

Во насока на подобрување на капацитетот на земјоделскиот сектор кон влијанието на климатските промени Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што потенцираше министерот како конкретни чекори, ќе ги дефинира мерките за прилагодување кон климатските промени и нивно интегрирање во програмите за финансиска поддршка на Министерството и воспоставување на соодветен институционален капацитет во Министерството и негово зајакнување преку серија обуки со што би се овозможило креирање и ефикасно спроведување на политиките за прилагодување кон климатските промени.

Два милиони денари за реновирање на метеoролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка

Модерни агрометеоролошки станици деновиве ќе бидат инсталирани во Градско, Кочани и Струмица, а ќе бидат управувани од Управата за хидрометоролошки работи. 

Во овие три производни региони каде што се произведуваат стратешки земјоделски култури, според министерот е многу важно редовното следење на временските прилики.

Како што посочи Николовски информациите ќе бидат достапни до земјоделците преку новоотворената веб страна на УХМР (агрометео.мк-која наскоро ќе биде ставена во функција), на која покрај временската прогноза и сезонските прогнози, на едноставен и разбирлив начин ќе бидат презентирани и други информации кои им се потребни на земјоделците за преземање на соодветни агротехнички мерки. 

Во рамки на проектот има и останати компоненти кои што ги третира образованието и науката.

„Заедно со средните земјоделски училишта ќе се врши промена на нивните наставни содржини и вметнување токму на овој концепт на едукација во делот на климатските промени но исто така и во делот на она што е работа на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството.

Овие два дена во Маврово ќе биде отворена и дискусијата за мерките и политиките кои што треба да бидат вметнати во следната програма и за рурален развој, за мерките кои ќе треба да ги креира Македонија преку ИПАРД програмата, но и за онаа директна финансиска поддршка во земјоделствотоа кои што навистина треба да го имаат сегментот на климатските промени, односно издвојување на конкретни мерки и политики кои ќе бидат поддржани од страна на државата“, изјави првиот човек на МЗШВ Љупчо Николовски.

Неопходност од истражувања за нови сорти и култури 

Она што го подвлече исто така министерот Николовски е неопходноста да се спроведат истражувања за нови сорти и култури со повисока отпорност а дополнително, да се спроведе истражување и во сточарскиот сектор, за усвојување на подобрени раси добиток.

Она што посебно загрижува е фактот што земјоделците во Република Македонија не се соодветно прилагодени, затоа паралелно со сите мерки и активности кои се планираат во следниот период, важно е да се работи на подигнување на свеста на земјоделските производители, но и на целокупната јавност за негативните ефекти од климатските промени. 

И.С.


Можеби ќе ве интересира

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?