28 Март, 2024
0.0431

Клинтон не сака да го докрајчи Трамп, и одговара да одат на избори

Објавено во: Анализа 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Хилари Клинтон можеше да го „докрајчи“ Доналд Трамп и во втората претседателска дебата и по настапите во медиумите, но американските аналитичари посочуваат дека таа повеќе би сакала тој да остане кандидат на Републиканската партија бидејќи многу полесно би го победила на претстојните избори кои ќе се одржат за еден месец.

Од друга страна доколку местото на Трамп го заземе некој друг посериозен политичар тогаш тој ќе има добри шанси да ги поправи сите грешки на кампањата. Клинтон направи и пресврт во „свинг“ сојузните држави Охајо и Флорида кои се клучни за американските избори бидејќи тука гласачите често ги менуваат партиите и не гласаат традиционално како на пример во конзервативните држави на југот или прогресивните Њујорк и Калифорнија. 

Со водство од 5 проценти Хилари Клинтон не би сакала да ризукува и премногу да го нападне Трамп кој ако се повлече и ја препушти трката на заменикот Пенс кој е гувернер на Индијана уште од свинг државите и нов канидат кој ќе добие целосна поддршка од Републиканската партија победата на Хилари не е гарантирана. 

Тука треба да се земе и предвид фактот што и самата се соочува со хакерскиот скандал и протекувањето на мејл пораките поврзани со Русија и банките од Вол Стрит. 

Трамп веќе нема квалитети кои би го „искупиле“ за сите глупости кои ги предизвика, малцинствата нема да гласаат за него, особено не тие со мексиканско потекло бидејќи мигрантите ги нарече силувачи, дилери и убијци, афромаериканците се против него бидејќи изнесе бројни расистички коментари, ниту пак женската популација ќе гласа за него поради обвинувањата за сексуално злоставување.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот