КОБНА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА: Автобус излета од патот
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017
Сообраќајна несреќа која однесе жртви денеска ја потресе Турција.
Дваесет и три лица загинаа во автобуска несреќа во околината на градот Мармарис, во округот Мугла.
Други осум лица се тешко ранети, вели градоначалникот Амир Чичек, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.
Автобусот превезувал локални туристи, претежно жени и деца, кои патувале кон Мармарис од западниот округ Измир на еднодневна екскурзија.
Возилото удрило во карпа и се превртело, откако претходно возачот загубил контрола врз него.
Во автобусот немало странски туристи. Причината за несреќата се истражува. Можно е да имало проблем со сопирачките.