Коце Трајановски на митинг на Илир Мета во Тирана
Објавено во: Македонија, Балкан 16 Јуни, 2017
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски вчера присуствуваше во Тирана на централниот митинг на партијата Движење за социјалистичка интеграција, на претседателот на Албанија, Илир Мета.
Според анкетите на претстојните избори во Албанија се очекува партијата на Мета да биде фактор без кој нема да може да се состави идната албанска Влада.
На минтингот имаше околу 100.000 луѓе. Претходно на друг митинг Мета имаше пофални зборови за Македонците во Албанија и рече дека со него е и „прекрасната македонска заедница“.