29 Март, 2024
0.0251

Коце Трајановски со амбиција за вечен градоначалник

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ и официјално му ја даде поддршката на актуелниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски за нов трет мандат по ред. Трајановски повеќе од деценија е во локалната власт бидејќи претходно беше градоначалник и на општина Гази Баба, па доколку успеа сега да победи ќе влезе во вечната листа на најдолговечни градоначалници. 

- Неговите успеси и работа се видливи насекаде низ градот Скопје. Благодарение на посветената работа на господинот Коце Трајановски и тимот околу него се изградија и проширија редица булевари и улици, се подигнаа нови зелени појаси, паркови и велосипедски патеки. Се изградија две катни гаражи и дополнително се обезбедија нови паркинг места. Изградена и реконструирана водоводна мрежа од прилика 81.793 метри. Се изградија нови плоштади, а се изградија и реконструираа и детски градинки и училишта. Овие и уште стотина други проекти кои господинот Коце Трајановски ги направи во својот мандат придонесоа градот Скопје да прерасне во вистинска метропола која сега е поставена на мапата на туристички дестинации и која годишно е посетена од страна на десетици илјади странски туристи, посочија од ВМРО-ДПМНЕ при официјализирањето на кандидатурата на Трајановски.

Инаку опозицијата постојано го критукува градоначалникот за уништувањето на градското зеленило со сечата на дрвата, како и за големото загадување на Скопје кое доаѓа како резултат на дивата урбанизација без планско градење. Трајановски трпи критики и за бавните реконструкции на улиците и булеварите и хаосот во постапувањето на јавните претпријатија со земските инсталации.

На претстојните избори главен против кандидат на Трајановски ќе му биде Петре Шилегов од СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење