20 Април, 2024
0.0264

Кочански „Руен“ во ликвидација, имотот ќе се продава во четири пакети

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Кочанската фабрика за автомобилски делови „Руен ИТ“ оди на продажба. Имотот на фабриката ќе се продава во четири пакети. Ваква одлука донесе Собранието на доверители на судското рочиште одржано минатата недела во Основниот суд во овој град. Како што пренесува Утрински весник, според учесниците во постапката, во целиот овој процес се водело сметка да не се наруши основата и целината на фабриката, а кога ќе се продаде првиот пакет фабриката да може веднаш и непречено да стартува со производството. Поради тоа во првиот пакет се ставени деловите кои ја чинат производната целина, тоа се градежните објекти, машините, алатите и канцелариската опрема, вториот пакет го сочинуваат готовите производи, суровините, материјалите и недовршените производи, во третиот пакет се транспортните средства, а во четвртиот отпадните материјали. Стечајната постапка траеше четири месеци, а за тоа време, според стечајниот управник Драги Димовски, свои побарувања од „Руен ИТ“ пријавиле вкупно 96 претпријатија и физички лица во вкупен износ од близу 450 милиони денари. Од овие побарувања стечајниот управник признал 56 проценти, а останатиот дел е оспорен, бидејќи или побарувањата веќе биле наплатени или застарени или, пак, немало валиден доказ за нивно постоење. Проценетата вредност на вкупниот имот на фабриката е 405 милиони денари додека обврските по сите основи затекнати во моментот на отворањето на стечајот надминуваат 453 милиони денари. Најголеми побарувања од кочанската фабрика има „НЛБ Тутунска банка“, која има хипотека на дел од имотот на овој стопански субјект. Оваа банка во вкупните побарувања на доверителите учествува со 35 проценти. Освен оваа банка, меѓу поголемите доверители се и „Прокредит банка“, УЈП, „Триглав осигурување“, ЕВН Македонија, „Македонска банка“ и кочанското комунално претпријатие „Водовод“. Над „Руен ИТ“ беше воведен стечај на 27 ноември минатата година бидејќи сопственикот, компанијата „Деимио“ регистрирана во Луксембург со француски капитал, објави дека повеќе не може да си ги плаќа обврските. Фабриката беше продадена на оваа компанија во 2004 година за два милиони евра. Во тоа време во „Руен“ работеа околу 300 лица, а во 1980-тите години таму работеле 1.400 вработени.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ