29 Март, 2024
0.0255

Коѕиас ќе биде „кумот“ кој ќе го достави новото ерга омнес име за Македонија

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Грција нема да направи никакви отстапки кога е во прашање ерга омнес позицијата, односно едно ново име за Република Македонија за севкупна употреба што значи домашна, меѓусебна и меѓународна употреба, географска или временска одредница како и забрана за превод на новото име на англиски јазик. Сите овие предлози кои ќе бидат дел од финалната нацрт спогодба составена на околу 20 страници кон крајот на февруари наводно ќе биде доставена во Скопје од страна на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

„Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а не како географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална придавка. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија“, изјави во интервју за грчката телевизија Алфа, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас.

Доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија. Сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име за соседната земја“.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека во Виена имало речиси 12-часовни континуирани преговори, но сѐ уште не постои договор за ниту една точка, барем според неговата перцепција.

- Но, тука постои една дискусија. Името ќе биде на латиница, ќе биде на англиски, со можност да се преведува на сите јазици? Ова мислам дека е нешто што би го сакале Скопјаните. Мојата желба е малку посложена. Би сакал да биде едно име што како што ќе се слуша и ќе се гледа, ќе се сфаќа дека е некоја друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство од грчката Македонија, рече шефот на грчката дипломатија, а како пример ги спомена имињата (сите ги изговори на македонски, без превод на грчки) „Нова Македонија“, за кое рече дека некои дебатираат дали е со географска или времена одредница, потоа „Вардар Македонија“, за кое рече дека содржи нешто добро за нас, бидејќи „и на албански на словенски првите два слогови се исти „Вардар“, а како друг пример го спомена името „Горна Македонија“.

Спогодбата се однесува на името и на она што произлегува од името, односно каква употреба ќе има името, изведени зборови односно идентитет, националност и јазик, а потоа и другите прашања како што се трговските имиња, акронимите и кратенките. Тој повторно рече дека Грција бара името да биде и за внатрешна употреба, и во билатералните односи со другите земји и за меѓународна употреба.


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува