Коѕиас: Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2018
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас кусо по завршувањето на средбата во Давос и изјавите на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас напиша коментар на Твитер.
„Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции“-напиша на Твитер, Коѕиас.
Oвој твит се однесува на критиките кои ги има во Грција меѓу партиите.
Коѕиас вели дека со надворешната политика, грчката Влада става крај на иредентизмот.