Коѕиас за промена на границите: Кој си игра со оган ќе се изгори
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2017
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас изјави дека границите во Европа се конечни и дека секој што се обидува да ги доведе во прашање ќе се соочи со сериозни последици.
Тој вели дека ЕУ и Грција нема да дозволат некој да го постави прашањето на границите.
„Кој си игра со оган ќе се изгори. Нема да дозволиме некој да го постави прашањето на границите. Заедно со нашите европски сојузници го осудуваме оној што има такви намери“- изјави Коѕиас во интервју за Рил Њуз.
Коѕиас појаснува дека врз грчката дипломатија не може да се врши притисок и Грција нема да се повлече од она што мисли дека е исправно за интересите на земјата и европските вредности.
Тој претходно изјави дека стојат зад унитарноста на Македонија.