19 Април, 2024
0.0288

Кога ќе им се суди на Груевски и „компанија“?

Објавено во: Македонија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Јавноста ги очекува судењата во предметите кои ги оформи СЈО против поранешни владини функционери како Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков и уште многу други. Сепак, за првите рочишта ќе треба да се почека и по одржувањето на локалните избори на 15 октомври бидејќи судовите ќе им треба време за да ги оценат обвинителните акти.

Ова се предвидувањата на извори од СЈО, со оглед на тоа дека судиите се на одмор до крајот на август, а потоа според досегашната динамика на нивната работа очекувано е оценувањето на обвинителните акти да го завршат за повеќе од два месеци, по што доколку дадат позитивна оцена, би стартувале судските рочишта, пренесува Фокус.

Според Законот за кривична постапка, оценувањето на обвинителните акти ги врши судија поединец кога е запретена затворска казна помала од десет години, а кога се заканува поголема казна тогаш на потег е советот на судии. При оцената, судијата поединец или советот можат да одлучат да го одобрат обвинителниот акт, да го отфрлат или доколку утврдат технички грешки да го вратат назад кај обвинителот на поправка.

Советот во рок од осум дена од приемот на приговорот против обвинителниот акт, треба да ја закаже седница за оценување.

Доколу обвинението е одобрено, главната расправа се закажува во рок од 30 дена од приемот на обвинителниот акт, или 60 дена доколку станува збор за дела од организиран криминал.

СЈО кон крајот на јуни до Кривичниот суд достави 17 обвиненија, за 18 предмети, во кои главните обвинети се од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите