Koга ќе се одржи македонско - српска владина седница?
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017
Владите на Македонија и на Србија ќе одржат заедничка владина седница.
Тоа ќе се случи во февруари или март 2018 година, најавија денеска во Белград премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ.
Брнабиќ рече дека на таа седница ќе бидат потпишани неколку важни договори и додаде дека Србија и Македонија ќе се посветат на јакнење на економската соработка. На денешната средба фокусот беше ставен на унапредување на работата на царината, но и на големите инфраструктурни објекти како што е завршувањето на Коридорот 10, изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје и гасното поврзување на Врање и Куманово.