Кога ќе се одржи седница за Законот за јазиците?
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2017
Законот за употреба на јазици е во второ читање.
ВМРО- ДПМНЕ поднесе 84 амандмани, СДСМ четири и БЕСА два. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања седницата која беше одложена ќе ја презакаже на почетокот на декември.
Еврокомесарот Јоханес Хан деновиве беше во посета на Македонија при што изјави дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен за ЕУ, Брисел не го бара и дека Владата треба да работи на другите реформи.