26 Април, 2024
0.0281

Ѓорѓи Димулков, ПерпетууМобиле Обезбедување

КОГА РАБОТАТА СО МИЛИОНСКИ СУМИ ПАРИ Е СЕКОЈДНЕВИЕ

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Работата со милионски суми пари е секојдневие на транспортерите и обезбедувачи на пари и на друг вид вредносни пратки. Освен што подразбира пренесување на пратките од точка А до точка Б, специјализираниот транспортер е одговорен за пратката, а самиот транспорт подразбира следење сложени безбедносни протоколи и процедури, согласно со законските регулативи. За предизвиците на оваа професија, разговаравме со Ѓорѓи Димулков, Менаџер за безбедност при транспорт на пари и вредносни пратки во ПерпетууМобиле Обезбедување, една од специјализираните компании во Македонија кои се на врвот при изборот на вакви чувствителни услуги за банките и другите засегнати деловни субјекти.

Звучи едноставно, но што во суштина стои зад работната задача “транспорт на пари и вредносни пратки”?

Транспортот на пари и вредносни пратки претставува нивно преместување од локацијата на клиентот до нашиот Центар за готовина - Трезор или на други посочени локации од клиентот. Навистина звучи едноставно, но зад сето ова стои една цела низа безбедносни подготовки - и по законската регулатива и по внатрешна огранизација на ПерпетууМобиле Обезбедување. Но, за да се стигне до таму, најважна е експертизата во работата, професионалноста и, секако, довербата на релација клиент – агенција за обезбедување.

Кога говориме за нашата услуга Трансфер на дневен промет, тоа подразбира преземање на дневниот промет од некој малопродажен објект, безбедносен транспорт до Центарот за готовина – Трезор - сестринска компанија на ПрпетууМобиле - и уплаќање на дневниот промет во деловна банка за сметка на клиентот. Согласно процедурите, кога нашиот тим влегува кај клиентот, членовите на тимот се идентификуваат пред клиентот со идентификациски документ со слика, со број, проследен со службена легитимација. Претходно, секој клиент добива листа на овластени транспортери и само тие членови на тимот можат да влезат во објектот на клиентот. Готовината / дневниот промет, го превземаме во специјална ќеса која се состои од три делови: два слипа и еден главен дел. Еден слип оди за клиентот, додека другиот се закачува на самата ќеса со вредносната пратка. По превземањето и транспортот, дневниот промет оди во Трезор, се обработува и се уплаќа.

Што се однесува до банките, доставата на пари се однесува и на полнење на банкоматите со готовина. Горди сме што ПерпетууМобиле има сопствен уникатен сигурносен систем, кој во досегашното работење со банките се покажа како исклучително ефикасен - и безбедносно и функционално, а за тоа се грижи комплетно посебен тим, независен од другите услуги.

Кои се “техничките алатки” за работа при вакви вредносни транспорти? Кои се стандардите?

Согласно Законот за транспорт на пари и вредносни пратки, има две категории на ваков вид на транспор. Тие се Транспорт со блиндирани возила и Транспорт со возила со сеф. ПерпетууМобиле располага со поголем број блиндирани транспортни возила со кои што го извршуваме трансферот на вредносните партки и тие поседуваа највисоки нивоа на безбедност и заштита од евентуална закана или од напад.

Што се однесува до втората категорија, секое наше возило има специјален алермен систем, физичка заштита, како и директен ГПС линк во нашиот Транспортен-мониторинг центар, кој што е засебен оддел, посебно одвоен од Мониторинг центарот на ПерпетууМобиле, надлежен за нашите други услуги. Тука се следи движењето, се планираат и се надгледуваат рутите на возење. Сите транспорти на пари и на вредносни паратки се надгледуваат 24 часа, особено и затоа што транспортите на дневниот промет се случуваат во доцните вечерни часови. Комплементарно со ова е и 24/7 подготвеноста на нашите интервентни патроли, кои се и соодветно вооружени, согласно ригорозните законски прописи за оваа деликатна дејност. Сите возила поседуваат и “Паник батон” – што е наша посебна услуга за брзо алармирање, потоа блокада на моторот во случај на напад и редица други технички елементи кои придонесуваат за побезбедно одвивање на работните задачи.

Има стандарди за техничкиот дел, но што е со луѓето кои што ја работат оваа работа? Кои се тие момци?

Тоа навистина се специфични профили на луѓе, физички беспрекорно подготвени и психички исклучително стабилни. За сите од нив, претходно се направени сите ригорозни и длабински проверки - и кај надлежните органи во МВР и внатрешно, од нашата компанија. Ги поминале со највисоки оценки сите психофизички и кондициони проверки, подготвеноста со боречки и вештини за самоодбрана, тренинзи за техничко и тактичко ракување со огнено оружје... Во случајот на ПерпетууМобиле, нашите вработени на транспорт на вредносни пратки се во старосната граница до 35 - 40 годишна возраст, сите тие поседуваат сертификати и лиценци од меѓународни сертифицирани центри за безбедност. Исто така, постојано го надградуваме нашиот тим со специјализирани тренинзи и со допонителни знаења пренесени од врвни тренери од странство и од дома. Имаме навистина способни професионалци, а поголемиот дел од нив доаѓаат од специјалните и од посебни единици од Министерството за внатрешни работи и од Армијата.

Денвиве тргнувате поактивно да ги промовирате овие ваши услуги, особено транспортот на дневниот промет. Има ли зголемен интерес кај сопствениците на бизниси кои работат со готовниски промет?

Оваа наша услуга и до сега беше прилично користена од нашите клиенто. Но, сега почувствувавме потреба да дадеме дополнителен импулс, со специјално подготвени пакети за транспорт на дневен промет, за намената на Центарот за готовина – Трезор, за Патролно обезбедување за бизнис и за дом, за услугата Panic Button… Целта ни е сите овие пакети на услуги да ги кренеме на едно уште повисоко рамниште, на ниво на услуги кои што би ги добиле, на пример, во било кој дел од развиениот свет.

Филмски грабежи на транспорти на пари

Поштенските транспорти, особено оние на пари, беа мета на грабежи на добро организирани криминалци во Скопје и низ други градови во државата во изминатите години. Еден од повпечатливите напади на поштенско возило е тој од средината на март 2008 година, кога беа ограбени 600.000 евра, а во пукотниците во скопски Чаир беа повредени четири лица.

“Откако ПерпетууМобиле ја започна соработката со Македонски пошти за транспорт на пари и вредносни пратки, се нема случено ниту еден инцидент, ниту во обид”, вели Димулков. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет