Кога Србија и Црна Гора би влегле во Европа?
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2017
Првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека Србија и Црна Гора ќе влезат во Европската унија до 2025 година.
„Јас навистина мислам дека тие две држави ќе станат членки до 2025 година. Засега не делува дека можеме да примиме нови членки до 2019 година, но би сакал европската перспектива да не се гледа како покана, туку како потреба“ - вели Јункер.
Тој одржа прес - конференција со бугарскиот премиер, Бојко Борисов.„Балканскиот Полуостров има ретка шанса да биде во можност да го заземе местото на Велика Британија, по нејзиното излегување од ЕУ. Сега е моментот“- вели Борисов.
За Западен Балкан, Јункер наведе дека во моментов изгледа дека ниту една од земјите во регионот е подготвена да влезе во ЕУ, но не треба да се одзема европската перспектива.