Кого Fortune прогласи за бизнисмен на годината?
Објавено во: Економија, Свет 11 Ноември, 2016
Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук е бизнисмен на годината.
Фејсбук има околу 16 000 вработени и компанијата се проценува на 359 милијарди долари
Цукерберг е прогласен за бизнисмен на годината од американското списание Fortune. Тој стана светски феномен. Се очекува годишните приходи на Фејсбук во 2016 година да достигнат 27 милијарди долари, а профитот - седум милијарди долари, коментира весникот.
Социјалната мрежа има близу 1,8 милијарди корисници, а инвентивноста на Цукерберг стекна голем број на компании, за да обезбеди подобра иднина на Фејсбук. Која е причината за ефективноста на овој бизнисмен? Внимателен поглед на менаџерскиот пристап покажува дека неговиот успех се базира на три столба: единствена способност да гледа во иднината, конзистентноста и бизнис дисциплина, која ја изгради во индустријата.