Кого преферираат Британците, Меј или Камерон?
Објавено во: Свет 25 Септември, 2016
Повеќе од половина од жителите на Британија сметаат дека премиерката, Тереза Меј е поблиску до населението на земјата, отколку нејзиниот претходник, Дејвид Камерон.
Според анкетата спроведена од истражувачката компанија ComRes за весникот „Индипендент", 52% од испитаниците изјавиле дека Меј сфаќа што ги вознемирува обичните Британци подобро отколку што тоа го направил Дејвид Камерон. Само 14% од нив се на спротивното мислење. Во исто време, споредувајќи ја Меј со лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, 56% од испитаниците изјавиле дека Меј- таа е вистинскиот човек кој треба да ја обедини земјата по референдумот. Истото за Корбин го велат само 19%.