25 Април, 2024
0.0317

Кои 10 држави се најголемите извори на сајбер напади во светот?

Објавено во: Свет 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Сајбер криминалот станува се повеќе актуелна тема, а поизразени станаа во последните три дена по хакерскиот напад. 

Но од каде всушност доаѓаат малициозните софтвери и различните сајбер криминали?

Американската компанија за сајбер безбедноста Symantec објави во април извештај кој покажува кои земји во светот се најголемите извори на малициозен софтвер, спам и „фишинг напади“ со документи во Google Drive.

Business Insider ги споделува 10-те земји кои се најголем извои на најмногу сајбер криминал во последните две години.

10. Виетнам - 2.16%

Виетнам е одговорна за 2.16 отсто од извршените сајбер напади на глобално ниво во 2016 година. Тоа е зголемување за 0.89% во однос на претходната 2015 година . Земјата исто така била и жртва на хакери. Во јули минатата година беше откриено дека најголемата авиокомпанија во Виетнам, Vietnam Airlines, била хакирана. Постојат сомневања дека малициозен софтвер може да се шири во владини агенции и банки.

9. Јапонија - 2.25%

Деветтиот најголем извор на сајбер напади во светот е Јапонија, која година порано била рангирана на 12 место. Податоците покажуваат дека по 2015 година земјата постигнала голем скок во хакирање.

8. Франција - 2.35%

Од Франција биле испратени 2.35% од заканите во светот. Аналитичарите ја одредуваат земјата како допрва растечка во областа на хакирање и проблемите во сферата постепено ќе се зголемуваат.

7. Велика Британија - 2.61%

Велика Британија ја задржува својата позиција од 2015 година за седмиот најголем извор на хакерски напади во светот. Истражување на Enigma Software Group од март покажува дека Лондон и Манчестер пак се најверојатните градови во Велика Британија, каде што компјутерите може да бидат заразени.

6. Русија - 3.07%

Истражувањето на Symantec ја рангирана Русија на шестото место во 2016 година. Според податоците земјата постигна значителен скок, откако една година порано била на единадесето место.

5. Германија - 3.35%

Од 8 место во 2015 година Германија се придвижи до петтата позиција во 2016 година. Земјата е и меѓу најчестите таргет цели на самите хакери. Во 2016 година, на пример со компјутерски вируси била заразена Германската нуклеарна централа.

4. Индија - 5.11%

Обратно од некои од горенаведените држави, Индија се паднала од 3-то во 2015 година до 4 место во 2016 година како светски извор на сајбер напади во светот.

3. Бразил - 5.84%

Земјата ја има неособената чест да влезе во првите три на негативната листа. Податоците на Symantec покажуваат дека во изминатите 10 години сајбер криминалот во Бразил е зголемен значително.

2. Кина - 9.63%

Кина е втор по големина извор на глобални закани, објавија од Symantec. Позитивно е тоа што една година порано земјата ја водеше листата. CNBC соопшти во јули дека малициозен софтвер кој потекнува од Кина, инфицирал повеќе од 10 милиони Android телефони.

1. САД - 23.96%

Откако во 2015 година земјата беше под број два во рангирањето на Symantec, тогаш заканите што потекнуваат од САД се изедначуваа со 18.89 отсто од сите во светот. Година подоцна се забележува раст од над 5%. Земјата се истакна благодарение на злонамерниот софтвер Mirai, кој е нов вид на малициозен софтвер, повлечен низ целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница