24 Април, 2024
0.0258

Кои дестинации се најевтини за летување?

Објавено во: Стил 05 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за планирањето на летниот одмор, речиси и да нема човек кој не размислува за цената на сметувањето која што треба да ја плати, па токму затоа, особено интересни за туристите се листите на најевтини дестинации. Како и секоја година, така и оваа, светската организација "Tvivago" ја објави својата годишна листа на најевтини летни дестинации. Така, најевтината дестинација на море, во периодот помеѓу јули и август, е Патонг на Тајланд, каде што посетителите за своето летување ќе треба да издвојат по 38 евра за една ноќ. Патонг, Тајланд На второто место е класичното одморалиште Кос на грчкиот остров Кефалос, каде што за едно преноќување потребни се 39 евра, додека бугарската Варна, сместена на Црното море, се наоѓа на третата позиција и тука за летување туристите треба да издвојат по 48 евра за ноќ. Кос, Кефалос Следни на листата се Владиславово во Полска, со цена од 52 евра за ноќ, па потоа Лас Палмас во Шпанија и Улцињ во Црна Гора, каде што туристите треба да издвојат по 55 евра. Владиславово, Полска Варна, Бугарија Лас Палмас, Шпанија Улцињ, Црна Гора Втората половина од листата ја надополнуваат летувалиштата во Саранда во Албанија и Алмерија во Шпанија, каде што се потребни по 56 евра за летување, а следни се Пуерто де ла Круз во Шпанија, со 58 евра и Клирватер на Флорида, со цена од 81 евро за една ноќ. Саранда, Албанија Алмерија, Шпанија Пуерто де ла Круз, Шпанија Клирватер, Флорида

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган