25 Април, 2024
0.0275

Кои европски земји се најзагрозени од напади?

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

По терористичките напади во последните години некои земји веќе не се толку добра дестинација за летен одмор. 

Со идилични места Шпанија, Франција, Португалија, Италија и Грција Европа нудат безброј можности за совршен летен одмор, пишува британскиот весник. Daily Express.

Поради последните терористички напади на континентот сепак британските туристи се повеќе се прашуваат кои места се безбедни.

Неодамнешна студија открива дека има голем пад на резервациите лани за одморалишта околу проблематичните региони како Медитеранот, а се повеќе луѓе се свртуваат кон Југоисточна Азија и Карибите. Според британското МНР сепак  има бројни места во Европа, каде што недостасува терористичка закана.

Франција одамна е популарна и топла летна дестинација за Британците, во најмала рака бидејќи е во близина.

По бранот катастрофални терористички напади во 2015 и 2016 година, земјата е со висок степен на закана, а француската влада дури пушти бесплатна мобилна апликација наречена SAIP за да ги алармира корисниците за можни инциденти.

Британците се предупредени и за одмор во Турција, која исто така е со висок степен на опасност. 

Белгија, Германија и Русија исто така се дефинирани како места со високо ниво на опасност.

Иако Шпанија продолжува да се бори со степенот на закана, земјата сепак веќе не е во групата на најзагрозените земји.

Други популарни летни точки со овој степен на закана се Грција и Италија.

Во последните години имаше неколку напади во грчки трговски центри и институции, а во Италија има изолирани случаи на локален тероризам.

Други популарни земји за одмор во оваа група ги вклучуваат Холандија, Данска, Шведска и Австрија.

Според британското министерство во некои летни дестинации, како Монако, Хрватска, Португалија и Бугарија има потенцијален степен на закана. Тоа значи ниско ниво на одредена терористичка активност.

Меѓу земјите со најниска стапка на закана се Малта, Сан Марино, Унгарија и Швајцарија, што ги прави совршени европски дестинации за летните одмори.



Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек