28 Мај, 2017
0.0788

Кои фактори ја урнаа цената на нафтата?

Објавено во: Економија 18 Мај, 2017

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните берзи под 52 долара. 

Цената се намали под влијание на информациите дека пазарот е обилно снабден со сурова нафта и покрај обидите на ОПЕК и другите големи производители да го ограничат производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше во минус 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,61 долар. На американскиот пазар цената беше во минус 55 центи и изнесуваше 48,52 долара.

Пазарот вчера беше поткрепен со информацијата за падот на американските резерви на сурова нафта минатата недела за 1,8 милиони барели, што сепак е помал од она што го очекуваа аналитичарите.

ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во среда изнесувала 49,43 долари,односно останала скоро непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето. 

Кувајт деновиве го поддржа апелот на Саудиска Арабија и Русија за деветмесечно продолжување на договорот за намалување на производството на нафта.

Можеби ќе ве интересира

Пензиска бомба за 400 трилиони долари темпирана во големите економии

Пензиска бомба за 400 трилиони долари темпирана во големите економии

Силекс АД Кратово за три месеци изгуби половина милион евра

Силекс АД Кратово за три месеци изгуби половина милион евра

PepsiCo преговара: Сака да ја купи кокосовата вода Vita Coco

PepsiCo преговара: Сака да ја купи кокосовата вода Vita Coco

Груевски им ја честита на Велешани новата фабрика за текстил а за платата молк

Груевски им ја честита на Велешани новата фабрика за текстил а за платата молк

Десет знаци дека се гушите во долгови

Десет знаци дека се гушите во долгови

ВНИМАВАЈТЕ: Лажни банкноти од 500 евра кружат во Скопје

ВНИМАВАЈТЕ: Лажни банкноти од 500 евра кружат во Скопје

РАБОТА ЗА СТУДЕНТИ: За 20 дена заработуваат за одмор на море

РАБОТА ЗА СТУДЕНТИ: За 20 дена заработуваат за одмор на море

Ова се очекувањата на Русија за цената на нафтата

Ова се очекувањата на Русија за цената на нафтата

ЏЕК МА прави нова компанија: Во што милијардерот ќе вложи нова тура милијарди?

ЏЕК МА прави нова компанија: Во што милијардерот ќе вложи нова тура милијарди?