Кои ИТ занимања догодина ќе бидат најбарани?
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2016
Сајтот CareerCast креираше листа на занимања во ИТ индустријата за кои идната година ќе има голема побарувачка.
Тие направиле истражување врз основа на висината на платата во 2016 година и важноста на одредени занимања во ИТ компаниите, но и растот на побарувачката на тие занимања во текот на оваа година.
Бизнис Инсајдер пишува дека догодина најголема побарувачка ќе има за системски и мрежен администратор, кои заработуваат околу 78.000 долари, а побарувачката за овие работници ќе се зголеми за 8%.
Аналитичар за податоци, просечно заработува 128.000 долари, а се проценува дека побарувачката за ова занимање до 2024 година ќе расте за дури 16%.
Софтверски инженер, просечно заработува 100.000 долари, а побарувачката за ваков кадар ќе се зголеми за 17%.
Аналчитичар за информациска безбедност, годишно заработува 90.000 долари и се очекува дека за нив до 2024 година побарувачката ќе расте за 18%.
Проектанти за информатички системи, тие имаат просечна зарабптувачка до 85.000 долари, а побарувачката за оваа професија расте за 21%.
Програмери, ова е најбараното занимање во ИТ индустријата. Годинава заработувале просечно по 65.000 долари. Се очекува дека побарувачката за нив ќе расте и до 27%.