Кои нации најмногу патуваат и каде?
Објавено во: Стил 18 Август, 2017
Компанијата Hostelvorld ги анализираше патничките резервации во 170 земји.
Најмногу патуваат луѓето од Ирска, Австралија и Нов Зеланд.
Иако најмногу патуваат, Ирците бираат дестинации во своите земји, како Даблин, Галвеј, Корк, Белфаст.
Австралијанците се спротивни од нив и сакаат да го истражуваат светот.
Тие патуваат најчесто во Англија, Канада, Холандија, Швајцарија, Шкотска, Шведска и Данска.
Лондон е топ дестинација, а од 2014 година Шпанија угостила најмногу туристи.