23 Април, 2024
0.0373

Кои потреби на студентите ќе ги субвенционира државата?

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Државата планира да воведе нови субвенции за студентите преку подолго најавуваниот проект „Студентска картичка“ кој се уште не почнал да се применува во полн ефект како што беше објаснувано пред изборите, но со новата одлука на владата е направен поконкретен чекор. Владата го усвои предлогот за воведување на проектот наречен „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“. 

Со него се предвидува во текот на денот студентот да добива субвенции за тоа што му е потребно, превоз, оброк, билет за културно-уметнички установи, книги и други услуги. Плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон или дигитална студентска картичка.

Повеќе детали за вкупниот износ на средства кои ќе се наменат за студентски субвенции како и за тоа кој се ќе може да ги користи и на кој начин засега нема. Ова решение допрва ќе се уредува со изготвување на предлог закон и соодветни подзаконски акти во чија изработка ќе учесттвуваат Министерство за информатичко општество и администрација; Министерство за труд и социјална политика; Министерство за финансии; Министерство за економија, Генерален секретаријат и Кабинет на министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ, најдоцна до крајот на мај годинава.

„Овој проект, повеќе од 10 години успешно се спроведува во Република Словенија. Од страна на тамошните институции постои согласност  и поддршка за имплементирање на проектот и во Република Македонија, со одредени прилагодувања, согласно финансиските можности на Република Македонија. Притоа, од страна на Владата на Република Словенија постои согласност за техничка поддршка и асистенција при реализација и имплементација на овој проект во Република Македонија“, велат од Владата.

Инаку досега студентите добиваа бесплатни месечни билети за градски превоз, бесплатни денови за железнички превоз, бесплатен влез во одредени денови во театри и културни установи и конкретни бенефиции за апсолвенти меѓу кои ваучери за купување компјутер. Засега е нејасно дали ќе бидат укинати овие субвенционирани бенефиции или ќе бидат комплементарни со новиот проект. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии