16 Април, 2024
0.0258

Ова се директорите кои своеволно ги прикажуваат главните приходи од плати

Кои се, јавно, најплатените директори во земјава?

Објавено во: Економија, Анализа 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Согласно Законот за трговски друштва фирмите се должни да ги објават платите на директорите во нивните годишни извештаи. За жал во земјава  помалку од десетина фирми ја исполнуваат оваа законска обврска можеби затоа што ниту една државна институција не превзема акција да ги опомене или казни. Врз основа на достапните податоци „Фактор“ ги објави годишните бруто плати на најплатените директори односно членови на управните одбори на компаниите.

Согласно со Законот за трговски друштва сите акционерски друштва се должни во своите годишни извештаи да ги објават платите на членовите на органите за управување и за надзор. Без да коментираме, во интерес на целосно и објективно информирање го цитираме делот од став 7 од член 384 од ЗТД што ја уредува содржината на Годишниот извештај: Во годишниот извештај на друштвото се објавуваат и примањата на секој извршен член на одборот на директори и на член на управниот одбор (плата, надоместоци на плата, бонус, осигурувања и други  права), односно надоместокот на неизвршните членови на одборот на директори и на  членовите на надзорниот одбор.“ За жал ниту една институција во земјава не превзема одговорност да води грижа за спроведување на се што е напишано во членот 384 став 7 од ЗТД.

Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ е најдобро платениот директор на македонска компанија, барем според достапните јавни податоци кои ги објавуваат компаниите чии акции котираат на „Македонската берза за хартии од вредност“. Бруто платата на Јосифовски лани изнесувала 7,59 милиони денари односно 123.000 евра. „Макпетрол“ на Јосифовски лани му исплатил и додатоци во бруто износ од 20.000 евра.

Просечна годишна плата на член на управен одбор на „Стопанска банка„ е 89.340 евра.Во својот годишен извештај за лани меѓудругото „Стопанска банка Скопје“ објави дека на своите 4 врвни директори кои се членови на Управниот одбор им исплатила вкупно бруто плата од 22,05 милиони денари односно околку 90.000 евра просечно по директор на годишно ниво. Тоа значи дека на месечно ниво просечната бруто плата по директор (член на УО) е околу 7.450 евра. За награди за четворицата директори банката лани исплатила уште 100.000 евра односно по 25.000 евра просечно по директор. Членови на Управниот одбор на банката се: Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор; Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор; Милица Чапаровска-Јовановска, Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор иТеодулос Скордис, Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор. 

Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор, кој  лани го замени Ѓорги Јанчевски, има бруто годишна плата од 100.000 евра. Банката на Аргир му исплатила и бонус за добро работење од речиси 21.000 евра, осигурување и други права во износ од околу 5.000 евра.

Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“ од Прилеп лани примил бруто плата во износ од 85.600 евра.

Савка Димитрова, сега веќе поранешна и долгогодишната директорка на скопската фабрика за чоколади и вафли „Европа“ лани имала бруто плата од 50.000 евра односно 3,12 милиони денари.

Платите за Димитрова и за Наумоски се објавени во годишниот извештај на „Комерцијална банка“ чии членови на Надзорен одбор се двајцата менаџери.

Сашо Давитковски, генерален директор и претседател на управниот одбор на „Скопски пазар“ лани добил 50.000 евра бруто плата во компанијата со која управува. 


Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?