Кои се кадрите на ДУИ кои може да седнат во министерски фотелји?
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2017
Хазби Лика, Бујар Османи, Аднан Јашари, Садула Дураку, ова се дел од имињата на можните кандидати за министри од ДУИ кои според неофицијални партиски извори се очекува вечерва на ЦП на ДУИ да ги предложи лидерот, Али Ахмети, објави телевизија 24.
Ахмети според извори во ДУИ типува Лика да биде новиот вицепремиер за Рамковен, Османи за евроинтеграции, Дураку за животна средина, Јашари за правда, за економија, се споменува личност од кичевскиот огранок на партијата.
Ахмети на состанокот ќе реферира и за договореното со мандатарот, Зоран Заев.
Сепак за да поминат овие кандидати потребно е ЦП да даде поддршка, но и тие самите да ја прифатат понудата.