18 Април, 2024
0.1598

Кои се најбогатите луѓе во историјата?

Објавено во: Стил 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Иако во моментов сите знаеме дека најбогат човек во светот денес е мексиканецот Карлос Слим, сепак него го нема на листата 25 најбогати луѓе во историјата. Ова се првите 10-милјардери, од позната листа на 25-те најбогати луѓе што некогаш живееле, заедно со нивното богатство во кое е пресметана инфлацијата. На пример - 100 милиони долари во 1913 година се еднакви на 2.299 милијарди долари во 20120-та. Интересно е тоа што сите тие се мажи. Во топ 25 нема ниту една жена, а 14 од 25 се Американци!  Во период од илјада години, само тројца од 25 луѓе на листата денес се меѓу живите. Инаку на првото место се наоѓа Манса Муса Први, помалку познат крал кој владеел со западна Африка во 14. век, е прогласен за најбогатата личност во историјата. Кралот на Западна Африка, најбогатиот човек во историјата и владетел на Малиското царство, кое се простирало преку денешната Гана, Тимбукту и Мали во Западна Африка, во време на неговата смрт во 1331 година имал богатство со нето вредност во износ од 400 милијарди долари. Еве и 10-те најбогати луѓе во историјата, со имот во кој е пресметана инфлацијата: 1. Царот Манса Муса Први- 400 милијарди долари 2. Семејство Ротшилд - 350 милијарди долари 3. Џон Рокфелер - 340 милијарди долари 4. Ендрју Карнеги - 310 милијарди долара 5. Николај А. Романов - 300 милијарди долари 6. Мир Осман Али Хан - 230 милијарди долари 7. Вилијам Освојувачот - 229.5 милијарди долари 8. Моамер Гадафи - 200 милијарди долари 9. Хенри Форд - 199 милијарди долари 10. Коренлиус Вандербит - 185 милијарди долари

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре