Кои се најбогатите Украинци и колку пари имаат?
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016
Петро Порошенко е четвртиот најбогат човек во Украина.
Украинскиот претседател, Порошенко се искачи за две места на рејтинг листата на 100-те најбогати Украинци, заземајќи го четвртото место.
Ова го покажува рангирањето на списанието „Новото време" и инвестициската компанија „Dragon Capital".
Иако се искачил со две места, вредноста на неговите средства е намалена за 3 проценти на 949 милиони долари.
Главната предност на претседателот е кондиторската корпорација „Roshen". Минатата година нејзината продажба е намалена за 200 милиони долари поради девалвацијата и падот на куповната моќ на населението.
Најбогат Украинец останува бизнисменот Рина Ахметов со средства од 4,1 милијарди долари, следен е Виктор Пинчук со богатство од 1,3 милијарди долари и Игор Коломојски со 1,1 милијарди долари.