Добивај вести на Viber
Иако сезоната на урагани во 2012 година започна релативно добро, со полесни штети отколку претходните невремиња, Сенди си го стори своето. Се уште се пресметуваат трошоците од последните штети, но повеќе од сигурно е дека последното невреме што го погоди САД ќе се најде на листата урагани кои предизвикаа најголеми економски штети на целиот регион. Според осигурителните компании, ова се досега петте најскапи урагани кои ја погодија територијата на САД, според сумите исплатени само од осигурителните компании.
5. Чарли (2004) - $ 8,755 милијарди
Времетраење на невремето: 13-14 Август, 2004
Погодени области во САД: Флорида, Северна Каролина, Јужна Каролина
4. Вилма (2005) - $ 11,676 милијарди
Времетраење на невремето: Октомври 24, 2005
Погодени области во САД: Флорида
3. Ајк (2008) - $ 13,050 милијарди
Времетраење на невремето: 12-14 Септември, 2008
Погодени области во САД: Арканзас, Илиноис, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисури, Охајо, Пенсилванија, Тексас
2. Андреј (1992) - $ 22,939 милијарди
Времетраење на невремето: 24-26 Август, 1992
Погодени области во САД: Флорида, Луизијана
1. Катрина (2005) - $ 46,591 милијарди
Времетраење на невремето: 25-30 Август, 2005
Погодени области во САД: Алабама, Флорида, Џорџија, Луизијана, Мисисипи, Тенеси