16 Април, 2024
0.0270

Кои се највалканите места во вашата кујна?

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Кои се највалканите места во нашите кујни? Резултатите од најновите истражувања ќе ве шокираат - кујнските сунѓери и крпи, како и кујнските работни маси се најголем извор на бактерии и габи. 

При тестирањето, работна маса во кујна била избришана со антибактериска крпа. Потоа, микробиологот Лин Довер, од Универзитетот Нортумбриа, зел брис и примероци од работната површина и тоа неколку пати во денот. Резултатите биле изненадувачки.

- Првиот примерок што го испитавме беше земен еден час по бришењето на работната маса и веќе имаше докази за бактерија и раст на габи. Примероците земени 12 часа по бришењето покажуваат драматичен пораст на бактерии и различни видови на габи - вели Довер.

Со други зборови, речиси веднаш по дезинфекцијата на површината, бактериите почнале со реколонизирање на работната маса. Затоа, Довер порачува дека ао кристите антибактериски производи за да ги тргнете бактериите, тогаш попусто ги трошите вашите пари и време.

Сепак, не треба најмногу да ве загрижува работната површина во кујната, бидејќи таму не секогаш се кријат најопасните бактерии. Истражувањето на НСФ Интернешнл, спроведено врз најкористените предмети во нашиот дом, покажува дека најзагадени со бактеријата колиформ, во чие семејство спаѓа и бактеријата ешерихија коли, крпите и сунѓерите за бришење површини и садови. Дури 75 отсто од испитаните користени сунгери за садови биле заразени со бактеријата колиформ. Ваква бактерија е откриена и кај 45 проценти од кујнските мијалници, работни маси (32%), даски за сечење (18%) и држачи за четки за заби, пренесува Би-би-си.

Според истражувањето на докторот Чак Герба, на даската од тоалетната шолја има околу 50 бактерии на пет сантиметри квадратни, додека, пак, на кујнскиот сунѓер има околу 10 милиони бактерии на истата површина. Со други зборови, кујнскиот сунѓер е 200.000 пати повалкан од тоалетната даска за седење.

Иако повеќето бактерии колиформ не се посебно опасни, тие најчесто се користат како индикатор за поголема фекална контаминација. 


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре