28 Март, 2024
0.0307

Кои се највлијателните луѓе на финансиските пазари во 2016 година?

Листа на Bloomberg за 10-те највлијателни луѓе на финансиските пазари го проценува побрзо претставувањето во последно време отколку постигнувањата во текот на целиот живот.

Објавено во: Анализа 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Тереза ​​Меј ја предводи листата на Bloomberg на 50-те највлијателни луѓе на финансиските пазари, која изданието ја составува по шести пат. Во листата спаѓаат некои од вообичаените осомничени. 

Претседателот на Федералните резерви, Џенет Јелон може да ги смири или разбранува пазарите само со една реченица. Некои корпоративни лидери можат да дадат поттик или да ја уништат берзанската трговија со неколку зборови. Токму поради оваа причина Ворен Бафет е поставен на деветтото место. 

Раководители на технолошки компании, како Елон Маск (11-то место) и Тревис Каланик (40-то место), создаваат живост на пазарите. Во листата спаѓаат и инвеститори, иако некои пазари се поставуваат против нив. 

Оваа година на листата нема многу основачи на хеџ фондови, бидејќи нивните компании регистрираа слабо претставување во S & P 500 - еден од главните индекси, кои ја оценуваат состојбата на берзата во САД. 

Рангирањето го проценува побрзо претставувањето во последно време отколку постигнувањата во текот на целиот живот. Значајноста на Си Џинпин (4-то место) е очигледна, бидејќи тој ја „повлекува рачката“ на економија, која за добро или лошо е најголемиот извор на глобалниот раст. 

Настаните во последно време се причина Тереза ​​Меј да ја предводи листата. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе има големо значење за финансискиот свет и токму Меј треба да управува со хаотичниот развод, пишува Bloomberg. 

Во листата спаѓа и рускиот претседател Владимир Путин, кој е поставен на 30-тото место. Некои од луѓето во листата остваруваат влијание, бидејќи помагаат за формирањето на јавното мислење. Економистот Џозеф Стиглиц (29-то место) продолжува да ја раководи дебатата за економската нееднаквост. 

А кој, ако не Џон Оливер (50-то место), може да го привлече интересот на луѓето кон должничката криза во Порторико. 

Еве кои се и 10-те највлијателни луѓе на финансиските пазари: 

10. Серџо Моро (федерален судија, Бразил)


Моро и неговиот тим од обвинители и инспектори работеа повеќе од две години за следење на речиси две милијарди долари во корупциски скандали на четири континенти. Нивните напори беа причина Бразил да западне во најтешката рецесија од еден век и создадоа политички услови за отстранување на претседателот Дилма Русеф. Инвеститорите сепак почнуваат да се ослободуваат од истрагата за корупцијата. Главниот берзански индекс на Бразил се зголеми за над 30 отсто оваа година - знак дека претстои опоравување. 

9. Ворен Бафет (генерален директор на Berkshire Hathaway)


Волшебникот од Омаха е еден од скриените шампиони: компании кои не се популарни имиња, но се лидери во своите индустрии. Меѓу десетината аквизиции кои Berkshire Hathaway ги направи оваа година, се данска компанија за производство на опрема за живинарска индустрија и производител на накит во Бостон. Тоа не значи дека Бафет го изгубил вкусот кон компании со високи позиции на берзата: Berkshire Hathaway го зголеми својот удел во Apple за 55% во вториот квартал, кога цената на акциите се намали поради очекуваниот пад на продажбата на iPhone оваа година - на позадината на намалувањето на побарувачката од потрошувачите и конкуренцијата од Кина. 

8. Џенет Јелон (претседател на Федералните резерви)


Таа добива позитивна оценка како шеф на долго и, во оваа фаза, стабилно закрепнување. Растот во САД можеби е малку фрустрирачки, но предизвикува завист на лидерите на другите големи економии. Мирниот пристап на Јелон се покажа како правилен. Кога таа, конечно, овозможи зголемување на каматната стапка на крајот на минатата година, тоа не го сопре растот и не ги вознемири пазарите, како што предвидуваа некои критичари. Таа не сака да избрзува со следното покачување. Можеби највпечатливото нејзино достигнување е дека ги држи критичарите настрана во момент на зголемување на политичка поларизација. ФЕД не предизвикува толку контроверзии во оваа претседателска трка, како во 2012 година 

7. Марио Драги (претседател на Европската централна банка)


Не ја критикувајте ЕЦБ. Кога Британците гласаа за излез од ЕУ, Драги ја задржи ладнокрвноста и продолжи со откупот на хартии од вредност. Спокојството помогна за зачувување на единството на еврозоната во близу петте негови години на функцијата. Италијанскиот банкар предупреди дека прогнозите за раст во 19-члената еврозона продолжуваат „да тераат надолу“ по референдумот во Британија. Од своето седиште во Франкфурт тој ќе направи се што е можно за да го поттурне растот нагоре. 

6. Ангела Меркел (канцелар на Германија)


„Ќе се справиме“ беше мотото на Меркел за прибирање на поддршка за политиката на нејзината влада, насочена кон отворање на границите за бегалците. Германците не се сигурни. Гласачите, кои се загрижени дали Германија може да прифати над еден милион луѓе кои бараат азил, ги казнија демохристијаните на Меркел на последните локални избори. Засега таа одбива да отстапи, откако ги засили гласините дека може да не се кандидира за четврти мандат на федералните избори во 2017 година. Во оваа фаза сепак недостасува сериозен противник на лидерот на најголемата економија во Европа.

5. Џеф Безос (основач и генерален директор на Amazon.com)


Влијанието на Безос е очигледно од потезите, што ги преземаат неговите конкуренти. Walmart, која има околу четири пати поголеми приходи од Amazon и со една третина пониска пазарна вредност, вложи 3,3 милијарди долари за стекнување на стартап компанијата за трговија Jet.com која еден ден може да и помогне да се натпреварува со Amazon. Кинеската компанија Alibaba воведе своја верзија на Amazon наречена Web Services - „облачен“ оддел, кој сега е најбрзо растечки и најдоходовниот оддел на американската компанија. Треба да видиме како FedEx и UPS ќе одговорат на плановите на Amazon да создаде сопствена флота од авиони и дронови. Годината беше добра за Безос, откако го надмина Ворен Бафет од третото место на листата на најбогатите луѓе во светот. Индексот на милијардери на Bloomberg ја проценува неговата нето состојба на 68 милијарди долари. 

4. Си Џинпин (претседател на Кина)


Додека Британците предизвикаа нов период на несигурност во Европа, сите погледи оваа година беа вперени во Кина. Си се движи по работ. Тој ветува дека нема да дозволи годишниот економски раст да падне под 6.5% до 2020 година и да го спречи излегувањето на долгот надвор од контрола. Ако тоа се случи, може да се очекува пад на светските пазари. 

3. Хилари Клинтон (кандидат за претседател на САД)


Ако таа победи, финансискиот свет ќе следи кој ќе има поголемо влијание врз нејзината политика - добротворите на Клинтон од Волстрит или приврзаниците на Берни Сандерс кои таа се обидува да ги маѓепса. Клучен тест за неа ќе биде како ќе го исполни ветувањето „да се осигура дека богатите, Волстрит и корпорациите ќе плаќаат свој фер удел во форма на даноци“. 

2. Доналд Трамп (кандидат за претседател на САД)


Ако пак тој победи, финансискиот свет ќе следи колку искрен бил во своето противење на слободната трговија, што е карактеристично за Републиканската партија со децении, и дали ќе го исполни ветувањето да се справи со националниот долг (без да се намалува социјалната помош). Друго клучно прашање е дали ќе го исполни ветувањето да го укине законот Дод-Френк за банкарските прописи. 

1. Тереза Меј (премиер на Велика Британија)


Во позадина на последниот финансиски, политички и економски земјотрес што следеше по референдумот на 23 јуни, Меј дојде на власт и брзо, изјави дека „Брегзит значи Брегзит“, иако беше во кампот на приврзаниците на останувањето во ЕУ. Таа има сè, за да победи, ако успее да се договори за тешките прашања како на пример дали банките, осигурителните и инвестициските компании ќе можат да продолжат да прават бизнис во ЕУ од централите во Лондон. На карта е ставен статусот на лондонското Сити како водечки финансиски центар во Европа.


Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот