23 Април, 2024
0.0357

Кои се недостатоците на извештајот на ФПСМ за трагичната смрт на Калина и Александар?

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Јавноста и натаму очекува повеќе одговори за трагичната смрт на македонските планинари Калина Велевска и Александар Миновски кои загинаа на врвот Кајмакчалан на грчката страна од планината Ниџе. Првиот извештај кој го подготви Федерацијата за планинарски спортови содржи повеќе недоречености и контрадикторности по извршената анализа од досегашните наводи и сведочења на учесниците во кобното искачување на 10 февруари.

Апсурд број 1

Во анализата и извештајот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) во точката 4 и во точката 5 се тврди дека постоеле двајца водачи, односно дека едната група била предводена од Калина Велевска. 

Имено, Калина не можела да биде водач, бидејќи таа положила за водач пред само неколку недели претходно и тоа само за водич во летни услови, а во групата имало дури 28 други поискусни планинари. Потоа, таа воопшто не ја предводела групата, туку, според изјавата на единствениот водач, таа „одела последна за да ги турка другите, да ги забрзува“, да ги мотивира. Ова многу добро го знае токму единствениот водач на групата, бидејќи тоа се негови зборови во неформален разговор поврзан со настанот, непосредно по инцидентот. 

Според зборовите, пак, на друг директно инволвиран учесник, таа својот статус на само обичен учесник во акцијата го потврдила со уплаќањето 2.200 денари во автобусот на единствениот водач, а никако како помошник-водач или втор водач како што упорно се инсистира во извештајот. Статус на водач или на помошник никако не можела да има затоа што таа според своето искуство не можела да одговори на такви барања. Впрочем, факт што го потврди и претседателот на ФПСМ е дека ниту првиот и единствен водач немал зимска лиценца.

Апсурд број 2

Во точката 6 се наведува дека дури 80 проценти од учесниците биле соодветно опремени за искачување во зимски услови, а само 20 проценти биле релативно добро опремени. 

Имено и оваа констатација од извештајот е целосно проблематична, бидејќи и фотографии и видеозаписи, како и изјави на учесници потврдуваат за целосната неподготвеност и неопременост на учесниците во оваа планинарска акција. Тие биле облечени во планинарска опрема, но за сосема поинакви временски услови, тенка, неводоотпорна, со никаква термална изолација. Постои и изјава на единствениот водач на групата кога ја опишувал подготвеноста на учесниците дека „некои од нив дојдоа во папучи“. Впрочем и Калина Велевска не била соодветно облечена и опремена за качување во екстремни услови, а тој сепак ѝ дозволил да се искачува, па дури и во извештајот ѝ ја префрла улогата на водач (без опрема?!).

Апсурд број 3

Овој апсурд е поврзан со точката 7 од извештајот, каде што е утврдено дека средствата за радиоврска (воки-токи) биле две, едното на чело на колоната, кај водичот и второ на крајот на колоната, според извештајот, токму кај Александар, кој и воспоставил „радиоконтакт помеѓу водачот Зоран и Александар“. Имено, на крајот на колоната се наоѓале Калина и Александар. Вака утврдениот факт го побива претходното тврдење дека таа ја предводела групата и сам по себе го прави извештајот противречен.

Апсурд број 4

Во хронологијата на случувањата, се наведува дека во 13 часот е алармирана спасувачката служба во центарот. Според сите сознанија, станува збор за служба за помош на скијачите во скијачкиот центар, а не за професионална служба за потрага и спасување. Впрочем, тие во акцијата за спасување вклучиле само ратраци, но не и професионалци за успешно решавање на предизвикот, ниту пак постоеле човечки и материјални ресурси за методолошки и систематски пристап за успешно да се пронајдат исчезнатите планинари.

Апсурд број 5

Апсурдот број 5 е крајот на извештајот. Тој завршува со реченицата дека телефонскиот контакт меѓу ратракот и Александар и Калина се одржува сѐ до 19 часот. И точка. Крај. Што потоа? Апсурдно е крајот на извештајот да биде ист како и бездната во која велат дека се загубиле планинарите. Или, пак, намерно се спушта маглата за да не можат да се најдат трагите на одговорните?

Преземено од Нова Македонија

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор