20 Април, 2024
0.0278

Кои се земјите со најголеми суфицити и дефицити во Европа?

Објавено во: Анализа 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Има ли поврзаност меѓу буџетските дефицити и суфицити, генерирани од една земја, и растот на нејзината економија и процентот на невработеност? И ако има таква врска каква е таа? Со ова прашање се занимаваат економисти од различни школи и ова е една од главните теми кои доведуваат до спорови.

Еве што велат за темата последните податоци на Bloomberg:

Земјите со најголем буџетски суфицит, како процент во однос на нивото на БДП во Европа се Норвешка (10,8%), Турција (1,5%), Исланд (1,2%) и Луксембург (1,2%). Податоците за првите 3 семји се актуелни кон крајот на 2014, а за Луксембург - кон крајот на 2015.

Со најголеми дефицити пак можат „да се пофалат“ Грција (-7,2%), Шпанија (-5,1%), Португалија (-4,4%) и Велика Британија (-4,4%), а податоците се актуелни кон крајот на 2015.

Економскиот раст на земјите со најголеми вишоци се движи во границите од 1,5% - 5,3% (раст на годишна основа во последниот квартал на соодветната година во која е регистриран вишокот, според податоците на Trading Economics).

Интересно е да се истакне дека ниту една од земјите со суфицит не забележува економски падови. Најголем раст регистрира Луксембург - 5,3% на годишна основа во последното тримесечие на 2015 година. Најслабо расте Норвешка - 1,5% на годишна основа во последниот квартал на 2014.

Во три од четирите држави, кои регистрирале најголеми буџетски дефицити, исто гледаме раст на економијата, но просечното ниво е пониско во однос на растовите во земјите кои постигнале вишоци. Раст има во Велика Британија (1,8%), Португалија (1,3%) и Шпанија (3,5%), а само грчката економија се намалува за 2015 - 0,7%. Податоците за економската експанзија на четирите земји се актуелни на годишна база кон четвртиот квартал од 2015, покажува референца со „Trading Economics“.

Како општ тренд можеме да забележиме и дека во земјите со повисоки дефицити гледаме поголема невработеност:

Таа е највисока во Грција и Шпанија - за над 20%, а во Португалија надминува 10 проценти.

Иако не можеме да правиме крајни заклучоци од испитувањето и споредбата на податоците само во рамките на една година, јасно се гледа дека во 2014 и 2015 нема позитивна врска помеѓу реализација на буџетски дефицити и повисок економски раст и ниска невработеност. Дури се забележува обратен тренд, откако земјите со најголеми вишоци уживаат повисок раст и помала невработеност.

Се разбира, треба да ги земеме во обзир и спецификите на економиите кои ги имаат четирите најголеми суфицити и дефицити во рамките на Европа. Во 2014-та, цената на нафтата беше на рекордно високо ниво, што помогна на Норвешка да реализира толку сериозен вишок - нешто што сега тешко би и успеало на земјата со тековната цена на црното злато.

Шпанија, Португалија и Грција од друга страна имаат хронични проблеми со повисоки дефицити отколку што дозволуваат правилата на ЕУ и прекумерна невработеност, а освен тоа станаа жртви и на должничката криза.

Податоците покажуваат дека поскоро причината за неуспесите на овие земји во фискалната политика и нормализирање на ситуацијата на пазарот на трудот треба да се погледне на друго место.