23 Април, 2024
0.0269

Кој ден од седмицата е „опасен

Објавено во: Стил 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Дознајте љубопитни факти за првиот петок 13-ти од новата година. 

Знаете ли дека освен петок 13-ти, во некои шпански земји го сметаат и вторник 13-ти за ден со лоша среќа. Вторник е опасен, бидејќи овој ден од седмицата се поврзува со римскиот бог на војната Марс. Луѓето веруваат дека на вторник 13-ти не треба да стапуваат во брак, да патуваат и да не го оставаат домот празен. 

Стравот од денешниот ден влече корени уште во христијанството. Исус е распнат на крст во петокот и оттогаш овој ден се смета за лош, тажен. 

13 лица биле присутни на Тајната вечера ноќта пред распнувањето на Исус. Неговиот предавник Јуда бил 13-от кој доаѓа на вечерата. 

Стравот од петок 13-и има име - трискајдекафобиа. Зборот потекнува од грчки и е воведен како термин од американскиот психијатар и невролог Исадор Кориат. 

За секој месец, кој започнува во недела, 13-от ден е петок. Во 2017 година тоа се случува два пати - во јануари и во октомври. 

Најдолгиот период во кој може да нема ниту еден петок 13-ти е 14 месеци.

Над 60 милиони луѓе низ целиот свет тврдат дека чувствуваат страв од петок 13-ти. Некои од нив не одат на работа, не возат  автомобил, дури и не стануваат од кревет цел ден.

Меѓу познатите личности родени на петок 13-ти се Маргарет Тачер, Семјуел Бекет, Фидел Кастро, Алфред Хичкок.

Во Франција на гости биле поканети 13 луѓе, при што последниот починал и се верува дека не треба да се викаат 13 луѓе. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган