24 Април, 2024
0.0275

КОЈ Е ЕМАНУЕЛ МАКРОН: Од поранешен банкар, преку министер до претседател на Франција

Објавено во: Анализа 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Емануел Макрон, основач и лидер на независното движење „Во марш“ , кој победи на претседателските избори во Франција, е поранешен банкар кој никогаш досега не се кандидирал на избори, а бил економски советник на Франсоа Оланд и потоа министер за економија.

Овој амбициозен 39-годишник кој е нов во политичките води, и важи за заговорник на бизнисот и дерегулативата, ја здрмал, меѓутоа, француската политика со вештините на искусен политичар, пишува БиБиСи.

Потекнува од северниот град Амјен, од лекарско семејство, а се школувал во Париз каде студирал филозофија, после што постдипломски студии всушност завршил на престижен Институт за политички науки и во елитната Национална школа во администрацијата (ENA).

Во 2008 и се придружува на куќата „Rotšilf & Si“, каде четири години работи како инвестиционен банкар, а прв пат „вкусот на власта“ го почуствувал под Оланд на кој му станал економски советник, за да во 2014 година ја презеде должноста министер за економија. Како министер ги укинал прописите кои дотогаш важеле во некои индустриски сектори и дозволил продавниците да работат подолго во недела.

Работел за социјалистичка влада, но поедини партии во левото крило му се спротивставиле, па после две години поминати на функцијата министер поднел оставка и основал сопствено, независно движење. Страствено се залага за европските интеграции и пазарот на ЕУ го смета клучен за Франција како што вели, за да ја преброди својата исцрпена економија.

За голем дел од француската бизнис заедница станал „здив на свеж воздух“, со листа политички предлози во корист на работење насочено на поттикнување на економски раст. Макрон има план за јавните инвестиции вреден 50 милијарди евра кој би опфатил обука за работа, премин од јаглен како енергетски извор на обновливи извори на енергија и модернизација на инфраструктурата.

Планира значајни намалувања на даноците за корпорација и повеќе простор за компании во преговори со 35-часовна работна недела, односно планира на младите да им ги продолжи работните часови, додека на вработените во петтата деценија би им овозможил пократка работна недела.

Планира да ја намали стапката на невработеност од сегашните 9,7 на седум отсто, но и да забрани употреба на мобилни телефони во училишта за помлади од 15 години. Макрон себе се претставува како „непријател на национализмот“ и кандидат за „отворена Франција која има свои интереси-безбедносни, економски и социјални, кои сака да ги брани, но оперира во отворен свет“.

Во жестока телевизиска дебата оддржана на 3 мај покажа дека умее да упати навреди жестоко колку и неговата националистичка противничка Марин Ле Пен, додека и името на неговото движење „Во марш“- го опишува карактерот на овој амбициозен човек „во движење“.

Неговата стравственост за говорница многумина ја исмејуваат, но тој успеал себе си да си обезбеди значителна поддршка и да им пренесе порака на избирачите, додека неговото движење има повеќе од 200 000 следбеници со платформата која комбинира јавни вложувања со полтика наклонета за бизнис.

Од 2007 година е оженет со својата наставничка по драма Бриџит Троњо, која 24 години е постара од него, а која вели дека уште како 17-годишник и ветил дека, што и да прави, таа ќе биде негова сопруга.

МАКРОН ЈА ОЖЕНИ СВОЈАТА ПРОФЕСОРКА ПОСТАРА 24 ГОДИНИ: На 16 години ветил дека ќе му биде жена, ќе ја освои ли и Франција на ист начин?