Кој е напаѓачот од Лондон?
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Напаѓачот од Лондон е идентификуван, тој е роден Британец по име Абу Изадин.
Тој е симпатизер на ИСИС и „проповедник на омраза“.
Роден е во Лондон, бил во затвор за злосторство кое е поврзано со тероризам, а е ослободен во 2009 година.
Во нападот кој тој денеска го изврши близу парламентот, има четири жртви, а дваесетина луѓе се повредени.
Изадин со автомобил газел луѓе, а потоа излегол и со нож бодел луѓе, избол полицаец кој почина. Полицајци го убија Изадин.
Сега се истражува дали напаѓачот делувал сам или во група.