25 Април, 2024
0.0339

Кој е Никола Лазаров човекот што искешира 208.000 евра за акции во „Макошпед“?

Објавено во: Економија 14 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Кој е Никола Лазаров човекот што искешира 208.000 евра за акции во „Макошпед“?

Неофицијално, купувачот е адвокат од Скопје. „Фактор.мк“ го праша адвокатот дали тој е купувач и ако е зошто одлучил да вложи во „Макошпед“? Воедно прашавме и дали е тој сопственик на акциите или ги купува за сметка на друго лице, а ако добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

„Технометал Вардар“ е продавачот на 10,4 отсто од акциите во „Макошпед“,  потврди најновата состојба на акционери објавена од Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ). Официјалната објава на ЦДХВ ја потврди информацијата на „Фактор.мк“ од минатата недела дека „Технометал Вардар“ е продавач на акциите во „Макошпед“.
Во официјалната евиденција на ЦДХВ пишува дека нов сопственик на акциите во „Макошпед“ е домашно физичко лице Никола Лазаров. За потсетување, ова физичко лице минатата седмица преку јавна берзанска аукција купи 82.106 акции со право на глас во „Макошпед“ со почетна цена од 157 денари за акција. Лазаров беше единствен понудувач и пакетот акции во „Макошпед“ го купил по почетната цена од 157 денари за акција. За овој пакет акции Лазаров платил околу 208.000 евра. За нештата да станат појасни, „Технометал Вардар“продаде акција што книговодствено вреди 1.001 денар за цена од 157 денари за акција. Зошто? Јавноста остана пократка за оваа информација. „Фактор.мк“ уште по трансакцијата минатата седмица испрати прашања до „Технометал Вардар“ во кои побара одговори за причините за продажбата. За жал одговори од „Технометал Вардар“ не добивме. Кај оваа компанија станува тренд да продава акции што поседува во други фирми. За потсетување во јануари годинава „Тенометал Вардар“ продаде 20 отсто од акциите во „Уготур“ и тоа по цена од 7 денари за акција. Пакетот акции во „Уготур“ беше продаден за околу 20.000 евра. „Технометал Вардар“ во јавноста освен како поранешен извозен моноплски гигант е познат и по тоа што во строгиот центар на Скопје поседува и рента под кирија околу 8.500 квадратни метри деловен простор од кој лани очекуваше приходи од 600.000 евра.  

Кој е Никола Лазаров?

Никола Лазаров, новиот сопственик на акции во „Макошпед“ најверојатно, но неофицијално, е скопски адвокат. Оваа вест не е официјална и е во зоната на шпекулации. „Фактор.мк“ вчера се обрати до адвокатот Лазаров и го праша дали е купувач на акциите во „Макошпед“ и ако е дали ги купил за себе или претставува друго лице во акционерската структура на „Макошпед“? Воедно го прашавме доколку ги купил за себе од кои причини одлучил да вложи во акции на „Макошпед“? Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Освен „Технометал Вардар“ акционери во „Макошпед“ се „Ултимус“ со 23,9 отсто од акциите и „Мепком“ со 19 отсто од правата на глас. Заедничко им е тоа што  и двете фирми се акционери во „Технометал Вардар“. Во „Макошпед“ голем акционер е и фирмата „Бусико“ и поседува 18,9 отсто од акциите. Во „Макошпед“
акции имаат и 703 домашни физички лица кои заедно поседуваат 22,1 отсто од гласачките права.

Цената по која се продадени 10,4 отсто од акциите вчера е највисоката пазарна цена во период од една година. Во овој период се истргувани вкупно 3.450 акции. Во пакетот „се или ништо“ се продадени 82.106 обични акции.

„Макошпед“ е шпедитерска компанија која има сродна дејност со „Фершпед“ и работи царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз-извоз, маркетинг и складирање. За 2016 година „Макошпед“ има добивка од 11,4 милиони денари што е за над 100.000 евра подобар резултат во споредба со 2015 година. Лани компанијата имала приход од редовни активности во износ од 70,14 милиони денари. Книговодствената вредност на акцијата што се нуди со почетна цена од 157 денари е 1.001 денар! Компанијата во последниве три години не делела дивиденда.

Повеќе на темата може да прочитате на следниве линкови http://faktor.mk/zoshto-tehnometal-prodava-104-otsto-od-makoshped-za-209000-evra и Багатела! Кој си купи 10 отсто од „Макошпед“ за 209.000 евра?


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија