18 Април, 2024
0.0276

Kој e Сант Чатвал, придружникот на Субрата Рој во Македонија?!

Објавено во: Стил 24 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Заедно со индискиот милијаредер Субрата Рој, допатува и еден од познатите индо-американски бизнисмени кои се бават со хотелиерство, Сант Чатвал.

Тој е сопственик на 750 милиони вредниот „Bombay Palace chain of restaurants“ и „Hampshire Hotels & Resorts“, а неговиот син Викрам беше предводник на познатиот ланецот ексклузивни хотели „Dream hotel“ со седиште во Њујорк. Хотелот има 3000 соби и одлично реноме. Како црна дамка се споменува август 2010 година, кога беше објавено дека хотелот може да биде затворен поради хипотека од 90 милиони долари, ако истата не биде исплатена во рок од три месеци. Инаку,  кон крајот на 2012, како што веќе објави Фактор, компанијата Сахара на Субрата Рој го  купи хотелот Дрим Њујорк од американскиот хотелиер Викрам Чатвал за 220 милиони долари пренесе тогаш „Economic Times of India“. Хотелот се наоѓа на улица во Бродвеј, на Менхетен, каде што истата седмица во одделна трансакција Рој го купи и хотелот Плаза. Семејството Чатвал засега управува со десетина хотели во четири земји. Милионерот Сант Чатвал е и член на фондацијата „Вилијам Клинтон“ и близок пријател со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, а се смета и за човекот кој по две децении игнорирање го донесе американскиот претседател во Индија. „Му реков на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, дека не смее да ја игнорира Индија, која станува суперсила во Азија и во светот. Клинтон се согласи со мене, а подоцна и ја посети Индија", изјави Чатвал горд на постигнатото. Сант Чатвал беше прогласен за еден од седумте светски највлијателни Индијци од страна на аналитичарот Нуриел Рубини со што се најде на листите на Форбс. Овде се истакнува фактот што ни Барак Обама не може да го игнорира големото влијание на Индиецот кој помогна да се соберат над 10 милиони долари за неговата кандидатура за претседател . На почетокот на 2012 година компанијата со седиште во Њујорк „Chatwal Hotels & Resorts LLC“ беше најавено дека ќе инвестира 200 милиони долари во Индија и ќе отвори над 50 хотели во следните 5 години. „Chatwal Hotels“ во сопственост на индиското семејство планира да се шири во Индија со помош на локални партнери, пишуваат индиските медиуми. Ј.Ј.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре