29 Март, 2024
0.0272

КОЈ Е ВИНОВЕН: Нафтата повторно во пад под 50 долари за барел

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во денешната трговија цените на црното злато се намалија близу 1% покрај наглото зголемување на американските нафтени резерви и со оглед на зголемената загриженост дека различните мислења меѓу членовите на ОПЕК за претстојниот формален договор за ограничување на производството може да го спречи решавањето на проблемот со глобалната презаситеност. Според податоците на Американскиот нафтен институт (API) резервите на сурова нафта во САД се зголемиле во последната недела со цели 4,8 милиони барели при очекувања за доста скромно зголемување за околу 1,5 милиони барели.

Тоа поттикнало пад на нафтените цени во почетокот на денешната азиска трговија со над 1%, а фјучерсите на американската лесна сурова нафта за испорака во декември се намалија до 49,21 долари за барел, додека сличните фјучерси на нафтата од типот "Брент" го допреа дното од 50,13 долари за барел. 

На овој начин американската лесна сурова нафта се намали трета последователена сесија на трговија под најважно психолошко ниво од 50 долари за барел, откако една недела порано (на 19-ти октомври) успеа да поскапе до 52,22 долари за барел - недалеку од овогодинешниот врв од 52,28 долари достигнат на 9-ти јуни. Евентуален пад на американската сурова нафта и под 49 долари за барел може да го продлабочи неговото опаѓачко движење дури кон областа меѓу 47,50 и 47,00 долари, прогнозираат аналитичарите. 

Поскапувањето на американскиот долар кон 9-месечен врв во однос на останатите главни валути покрај растечките очекувања за зголемување на каматите на ФЕД во декември исто така придонесува за намалувањето на цените на "црното злато" во последните денови на тргување.

Трговците истакнуваат дека расправиите во рамките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) по прашањето за планираното намалување на производството исто така, придонеле за овој притисок на нафтените пазари. Ирак, кој е втор по големина производител на нафта во ОПЕК, инсистира да биде исклучен од договорот, тврдејќи дека има потреба од приходите од продажбата на нафта, за да се бори со "Исламска држава". 

Другите членови на картелот, вклучувајќи  ги Либија и Нигерија, веројатно, исто така ќе бидат ослободени од обврската за ограничување на производството, додека Иран, Венецуела и Индонезија е малку веројатно да ги намалат нивните приноси. Во исто време не е јасна и позицијата на Русија, која е главен нафтен производител надвор од картелот. 

Русија постојано ја сигнализира желбата да се приклучи кон планираното од ОПЕК намалување на производството, но во последно време голем број нејзини официјални претставници заземаат одбрана позиција. На пример дипломатскиот претставник на Русија во ОПЕК - Владимир Воронков беше цитиран од руските медиуми кој вели дека намалување на производството не претставува опција за нив. Треба да се има на ум дека ако Русија на крајот не се вклучи во општите напори, тоа би значело дека основата тежина при намалувањето на производството ќе биде понесена од членови на ОПЕК, како Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?