Кој го следел Ѓукановиќ - Апсења во Србија, најдени униформи и многу пари
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2016
Властите во Црна Гора и Србија говорат како во шифрирани пораки без да откријат целосни детали за што точно се случувало на деновите околу изборите за нов парламент. Апсења се извршени и во двете земји, а премиерот Вучиќ тврди дека српските служби неколку дена внимавале на сомнителна група кај која при апсењето се пронајдени униформи и стотина илјади евра.
Вучиќ исто така посочи дека Србија настапила највнимателно за разоткривање на заговорот во кој со сигурност има вмешано странски елементи. Една група ги пратела сите движења на Мило Ѓукановиќ и давала извештаи на друга група која требало да „делува“. Во Србија ќе биде спроведена мала „чистка“ на сите оперативци за кои има докази дека рапортирале на лица од странски амбасади и дека имало зголемо разузнавачко делување од агентури и од Западот и од Истокот.
Очигледно од изјавите на Вучиќ треба многу да се чита меѓу редови, но јасно е дека ако постоел одреден притисок тој е постигнат, бидејќи Мило Џукановиќ најави целосно повлекување од државните функции на Црна Гора. Земјата со новите избори и победата на социјал-демократите треба да гарантира дека ќе се доближи до НАТО, без оглед на кого тоа не му се допаѓа.
Дел од црногорските аналитичари сметаат дека Вучиќ од Белград самиот си креирал шпиунски филм и дека ни самиот не ги разбира репликите кои ги изговара.