Кој го спаси лидерот на ИСИС од сигурна смрт?
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2018
Абу Бакр ал Багдади најверојатно е жив и спасен по тешкиот воздушен напад кој го извршија руските воени бомбардери. Според информации кои ги сподели ирачката разузнавачка служба Багдади е лекуван на северот на Сирија, најверојатно лоциран во пустината Џазира западно од градот Деир ал Зор.
„Имаме неоспорени докази и документи од извори внатре во терористичката организација дека ал Багдади се уште е жив и се крие со помош на неговите соработници“ истакна ал Басри шефот на ирачкото одделение за анти-тероризам при разузнавачката служба.
Командантот бил најверојатно ранет за време на нападите врз Рака, градот во Сирија кој се сметаше за престолнина на ИСИС. Неговите нозе биле тешко повредени и тој не можел да се движи.
Засега е непознато дали и други разузнавачки служби биле вклучени во извлекувањето на најбараниот терорист на земјата и какви се нивните интереси да го одржат во живот ал Багдади.
Х.С.