Кој им е помил на Бугарите, Русија или Европа?
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2016
60% од Бугарите би ја одбрале ЕУ пред Русија.
Според претседателот, Росен Плевнелиев „најсилното оружје на Европа се демократијата и правната држава"
„Најсилното оружје на Европа се демократијата и правната држава и тоа што имаме изградено еден простор во кој луѓето се слободни“ - изјави Плевнелиев пред германското издание Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Тој коментира уште дека силата на Европската унија е во 500-те милиони граѓани кои знаат во која Европа тие и нивните деца би сакале да живеат.
Според него има потреба од тесна интеграција „таму каде што приближување има смисла и е од корист".
Според него успешната формула на Унијата е сите да ги почитуваат правилата, бидејќи според него „е целосно неприфатливо однесување или поддршката за политика во која правилата не важат за силните, како и за прекројување на границите од позиција на сила".