25 Април, 2024
0.0411

Кој ја крепи македонската економија?

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија (нејзините 28 земји) конзумираат 3,46 милијарди евра или 80 отсто од целиот македонски извоз во 2016 година. А само Германија прима 59 отсто од тоа што го зема ЕУ. Да бидеме појасни ЕУ конзумира македонски извоз вреден 3,49 милијарди евра. Од податоците се гледа дека македонското стопанство треба да пее „Дојчланд, Дојчланд убер алес“ Би можеме ли да преживееме ако ЕУ реши да ни стави санкции??? Прашање на кое македонските политичари треба да одговорат само со да или не...

Германскиот пазар и нивната економија е најголем генератор на девизен прилив за македонските извозни компании. Германија како и традиционално досега такак и лани е „алфа и омега“ за македонската извозно ориентирана економија. Затоа што според официјалните податоци на Заводот за статистика, врз основа на кои „Фактор.мк“ ја подготви оваа кратка анализа, покажуваат дека ние без Германија ќе бидеме во многу лоша ситуација. За жал податоците за македонскиот извоз покажуваат дека странските инвестиции кои ги носеше досегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ја менуваат или само минимално ја прошараа извозната структура на македонската економија. А таа структура покажува целосна зависност на македонскиот извоз од германскиот пазар!

ЕУ е најголем трговски партнер на Македонија, а Германија конзумира 59 отсто од нашиот извоз во ЕУ

Официјалните податоци на македонскиот државен завод за статистика покажуваат дека нашиот извоз во 2016 година во земјава внел 4,33 милијарди евра. Тоа е раст на извозот од 6,5 отсто во споредба со 2015 година. 
Германија убедливо е најголемиот трговски партнер на македонската економија. Нашиот извоз во Германија лани достигна 2,034 милијарди евра и тоа е раст од 11,8 отсто односно 239 милиони евра во споредба со 2015 година. Германија во целиот увоз во Европската унија учествува со 58 отсто. Воедно, што е многу важно Германија е една од ретките држави со кои имаме трговски суфицит. И тоа убедливо најголем трговски суфицит. Тој за 2016 година изнесува околу 1,3 милијарди евра. Овие податоци сами за себе јасно зборуваат за можноста за германското влијание во Македонија.

Кои се земјите во македонскиот „Клуб 100“

Од достапните податоци „Фактор.мк“ направи листа на земјите во кои Македонија најмногу извезува, а врз основа на критеруим извозот да биде најмалку или над 100 милиони евра. По Германија која е на убедливо прво место, на втората позиција е Бугарија со извоз од 222 милиони евра. На трето место е Србија во која сме извезле стоки и услуги во вредност од 194 милиони евра пред Косово со 189 милиони евра и Белгија со 171 милиони евра. Следува Италија со извоз од 158 милиони евра, па Грција каде сме извзле стоки и услуги во вредност од 148 милиони евра. Во Клубот 100 се уште и Романија со 122 милиони евра и Шпанија со 106 милиони евра.

Зошто тресна извозот во Кина?
Многу е впечатливо тоа што извозот во Кина лани бележи огромно намалување во однос на 2015 година. Податоците покажуваат дека во Кина во 2015 година сме извезле стоки и услуги во вредност од 128,9 милиони евра, а лани сме извезле во износ од 43,5 милиони евра. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ