20 Април, 2024
0.0244

Кој ќе изгуби, а кој ќе добие? Државите кои „лежат врз планини злато“

Објавено во: Анализа 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Цената и побарувачката на златото неодамна нагло опаднаа. Постојат  држави и организации најмногу ќе загубат од овој неочекуван пад. Инвеститорите во злато неодамна имаа голем пад во добивките. Кина откри дека нејзините заштеди во злато во централната банка се многу помали од тоа што сите мислеја, и огромно количество злато беше пуштено во пазар минатата недела, поради што цената му падна нагло. Но, Кина не е единствената земја која сега жали што има огромни количини злато. Во мај, Светскиот совет за злато објави извештај за првиот квартал за побарувачката на благородниот метал, кој покажа дека побарувачката опаднала за 11 тони, однодно 1% помалку во однос на минатата година. „Глобалната побарувачка падна за 1 процент, односно 1.079 тони во генерално тивкиот квартал“, според извештајот. „Златото се соочи со локални предизвици. Во тоа се вклучени економското забавување и таложење на акциите во Кина, и речиси рекордно ниските цени во Турција“. Еве кои држави и меѓународни организации ќе изгубат најмногу од падот на побарувачката на злато, според податоците на Светскиот совет, со оглед на тоа што „лежат на планини од злато“: drzavi-so-najmnoguzlato-02 1. Соединетите Американски Држави (8.000 тони злато) 2. Германија (околу 3.200 тони злато) 3.Меѓународниот монетарен фонд ( околу 2.800 тони злато) 4. Италија (околу 2.300 тони злато) 5. Франција (околу 2.300 тони злато) 6. Кина (околу 1.600 тони злато) 7. Берзанскиот индекс (околу1.500 тони злато) 8. Русија (околу 1.300 тони злато) 9. Швајцарија (околу 1.100 тони злато) 10. Јапонија (околу 900 тони злато) 11. Холандија (околу 800 тони злато) 12. Индија (околу 800 тони злато) 13. Турција (околу 700 тони злато) 14. Европската централна банка (околу 600 тони злато) 15. Тајван (околу 400 тони злато) Обработка: К.К. Извор: businessinsider