29 Март, 2024
0.0273

Кој ќе го замени Ворен Бафет на чело на „Berkshire Hathaway“ компанија која ја води успешни 52 години?

Објавено во: Финансии 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во писмото до акционерите на Berkshire Hathaway од 2014 година Ворен Бафет напиша дека "идните извршни директори на легендарниот конгломерат треба да доаѓаат од внатрешните кандидати кои Бордот на Berkshire ги познава добро".

Големата меѓународна банка JPMorgan смета дека идентификувала најверојатен внатрешен кандидат.

Во новиот извештај аналитичарите на банката го посочуваат Грег Авел како најверојатен наследник на Ворен Бафет како иден извршен директор на инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway.

Во моментов Авел раководи со енергетскиот бизнис на компанијата и е на соодветна возраст - 55 години, се вели во извештајот.

Во документот се наведуваат и честите пофалби кои Бафет ги упатува кон Авел.

Во писмото од 2014 година Бафет исто така пишува дека следниот извршен директор треба да управува со компанијата барем 10 години и дека не очекува од одборот да избере кандидат кој има веројатност да се пензионира на 65-годишна возраст, пишува Бизнис инсајдер.

И иако аналитичарите на JPMorgan го посочуваат Авел како најверојатен наследник, тие ја оставаат вратата отворена и за други можни кандидати.

На пример Аджит Џај, кој во моментов раководи со Berkshire Hathaway Reinsurance, исто е наведен како најверојатен кандидат, но според аналитичарите на банката проблем може да биде неговата возраст. Сега има 66 години.

Сепак, од банката истакнуваат дека тие не очекуваат нов директор на фондот да биде таму наскоро.


"Бафет не покажува никакви знаци на брзи промени и сè уште може да биде на чело на уште една деценија, всушност неговиот партнер, потпретседател Чарли Манџер, е 93 години и е исто така многу активен", се вели во извештајот.

Ворен Бафет го води Berkshire Hathaway 52 години и сега има 87 години.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка