25 Април, 2024
0.0277

Кој ќе ја добие битката во „Топлификација“?

Објавено во: Економија 27 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Има два предлози за состав на новиот Надзорен одбор кои доаѓаат од групации кои имаат атрибути на спротивставени страни. Едната група е здружение за заштита на права на акционери во „Топлификација“, а другата страна е група која гравитира околу најголемиот поединечен акционер „Битар Холдингс Лимитед“

Поларизирани односите меѓу две групи акционери во скопска „Топлификација“. Ова може да се заклучи од последните два предлози за претстојното акционерско собрание во „Топлификација“ што е закажано за в петок. Две групи акционери излегоа со свои кандидати за членови на Надзорен одбор. Во првата група се кандидатите на Здружението на заштита на правата на акционери во „Топлификација“ во кое се групирани сегашни и поранешни вработени во таа компанија, а на другата страна е најголемиот поединечен акционер во таа компанија, а тоа е кипарската фирма „Битар Холдингс лимитед“ (БХЛ).

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста испрати прашања до Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ во кое прашува за нивните активности и за односите со најголемиот акционер „БХЛ“. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост. За жал не успеавме да доставиме прашања до најголемиот акционер (БХЛ) заради тоа што не успеавме да најдеме соодветна адреса за коресподенција.

Каков е соодносот на сили на двете групации?

За жал нема официјални и точни податоци која од двете групи колку гласови контролира. БХЛ официјално поседува 74.000 акции со право на глас и тоа е 16,4 отсто од сите акции со право на глас во „Топлификација“. За тоа дали има полномошна од други акционери и доколку ги има за колку акции станува збор засега не се знае. Наспроти БХЛ стои групацијата насловена како Здружение за заштита на правата на акционерите во „Топлификација“. Петтмината прелози за членови на Надзорен одбор, заедно со полномошна што ги има еден од нив, контролираат 26.813 акции со право на глас на претстојното собрание. Не е познато колку акции вкупно контролира здружението и дали може да ги мери силите со најголемиот акционер БХЛ.

На кандидатската листа на БХЛ има четири македонски државјани и еден странец. Странецот е Вадим Михајлов, руски државјанин со големо работно искуство во гасни постројки, видливо од неговата биографија. Од македонските кандидати има двајца електроинженери, еден фармацевт и еден правник. Од електроинженерите еден е актуелниот генерален директор на ТЕ-ТО, Димитар Кочовски кој не поседува акции во „Топлификација“, a вториот електроинженер е Александар Матевски, косопственик на приватната компанија „ Контрекс ДОО“ кој поседува 1.050 акции во „Топлификација“. Фармацевтот Венко Темелковски поседува 1.500 акции во „Топлификација“. Правник е Кристина Симеонова Стоименова, директор на правниот сектор во „БЕГ“ компанија закупец на имотот на „Топлификација“.

На другата страна кандидати на Здружението се четири лица кои директно се поврзани со „Топлификација“ како сегашни и поранешни вработени. Петиот кандидат е финансиски советник и портфолио менаџер. Сите петмина имаат акции во „Топлификација“. Од четворицата директно поврзани со „Топлификација“ тројца се пензионери. Ристе Спировски има 1.305 акции и е полномошник на акционери кои имаат 16.252 акции со право на глас. Другите двајца пензионери се Гроздан Делидинков со 1.954 акции и Георги Велевски кој има 2.232 акции. Досегашниот претседател на Надзорниот одбор кој воедно е повторно кандидат за член е Ивица Стојановски и поседува 3.965 акции во „Топлификација“. Портфолио менаџерот Коста Костадиновски е кандидат за член на НО и има 1.102 акции во „Топлификација“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра