26 Април, 2024
0.0308

До кога “Макпетрол“ и КХВ ќе се препукуваат со „шифри“?

Објавено во: Економија 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Што содржи одлуката на второстепениот орган и дали тоа го разгневи Јосифовски да се заканува со тужби и кривични на раководствата на КХВ и на ЦДХВ? И двете страни излегоа во јавност но не открија ниту еден важен детал... 
Инвеститорската јавност нема квалитетна и прецизна информација за статусот на понудата за превземање на „Макпетрол“ од страна на оф –шор компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед“. Се што можеше да види и слушне е кажано со некоректен речник, изразита нетрпеливост, поларизација на односите меѓу засегната страна и институцијата што треба да биде столб на доверба на инвеститорите, а тоа е Комисијата за хартии од вредност. 
 Андреја Јосифовски, претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“ пред два дена „запука од сите оружја“ по Комисијата за хартии од вредност најави кривични пријави и изнесе наводи за непрофесионално работење. Но Јосифовски не изнесе ниту еден факт врз основа на кој го темели своето нетрпение спрема КХВ. На „Фактор“ не му беше дозволено да присуствува на прес конференцијата и заради тоа јавноста остана покуса за информација заради која Јосифовски беше во толкава мерка резигниран во однос на КХВ и фрустиран од нејзиното работење. 
За жал никој од присутните не побара пластично објаснување и изнесување детали. Од друга страна вчера КХВ излезе во јавноста со стереотипно соопштение полно со надмината тафтологија во која не се кажа ништо конкретно. Се обиде да ја убеди јавноста дека Јосифовски не е во право кога по нивната работа фрлаше со дрва и камења. Во соопштението на КХВ прочитавме многу веќе видени фрази во кои не се кажува ништо конкретно освен што се повикуваат на тоа дека работат по закони, но тоа и не е вест, тоа им е работа за која се платени. Кажаа дека Јосифовски изнесувал невистини. Но не кажаа што е невистина од тоа што го кажа Јосифовски. А Јосифовски во својата прес конференција воопшто не изнесе конректни податоци освен тоа што веќе го знаевме – дека нема епилог постапката за јавна понуда по која подолго од една година се одлучува. И КХВ како нешто одговори на обвинувањата на Јосифовски, но не откри ништо значајно иако прецизниот одговор од невна страна е многу битен затоа што нејзината роља во системот е да ги заштити правата на акционерите и преку тоа исполни нејзината главна уставна вредност, заштитата на приватната сопственост. 
Во случајов имаме ситуација во која малцински акционер, но и претседател на управата во една компанија упати директни вербални закани (тужби и кривични) кон највисоки претставници на супериорната државна регулаторна инстанца за корпоративни прашања (која во свои раце ги има и стапот и морковот) , а тие наместо „да му ја смрзнат мокрачата“ одговорија со едно млако соопштение во кое не може да се најде ниту главата ниту опашката. А при тоа очигледен е јавниот притисок врз нив за затворање на случајот со јавната понуда. Што е потврдено од второстепен орган кој одлучувал по жалба на странките? Во соопштението КХВ намерно или без да сака откри еден детал што инвеститорската јавност не го знаеше. Тоа е фактот дека имало одлука на второстепен орган кој одлучувал по жалба на странка. Чија жалба? На „Макпетрол“ или на „Балкан Петролеум Ходлинг“? КХВ не кажува официјално. Што е предмет на жалбата? И за тоа нема информација. Единствено е јасно дека второстепениот орган ја потврдил позицијата на КХВ. На чија штета е ова? Ако се суди по реакцијата на Јосифовски можеби е на штета на „Макпетрол“? Но и тоа никој не го кажува. Во овој случај јавно ја прашуваме КХВ зошто не објави што е предмет на одлуката на второстепениот орган или да упати на органот. Оваа ситуација е солидна проектна задача за новата Влада која досега многу декларира. Мора сериозно да се зафати со уредување на амбиентот за инвестирање на пазарот на капитал. 
Проблемите на Јосифовски и на Балкан Петролеум се проблеми и на инвеститорската јавност. Никој нема право да ги узурпира, да ги смета за лично свои, а КХВ како една од институциите има обврска да ги решава. Практикувањето на транспарентноста е исклучително битен елемент кој само може да помогне во забрзувањето на процесот. Воопшто не не интерсира чива желба на крајот ќе биде исполнета, на Јосифовски или на Балкан Петролеум. Она што ја интересира инвеститорскта јавност, а за што треба да биде заинтересирана и Владата е да создаде услови при почитување на позитивните законски прописи, превземањата на пазарот на капитал да се реализираат безпрекорно.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија