Кој сака да работи во Британија ќе плати такса
Објавено во: Економија, Свет 13 Јануари, 2017
За работа во Велика Британија во иднина најверојатно ќе се плаќа.
Британската влада ја разгледува можноста за воведување на такса од 1.000 фунти за секој работник од ЕУ, кој ќе го вработат британските работодавци по излезот на земјата од ЕУ.
Британскиот министер за емиграција, Роберт Гудвил пред Горниот дом на британскиот Парламент рече дека се разгледува
воведување на такса на работниците од ЕУ. Додаде дека ќе има програми со кои ќе се дозволи работниците во земјоделството да добиваат краткорочни, сезонски договори
за работа во земјата.
Измените ќе стапат на сила во април.
Работниците од 27 земји членки на ЕУ сега имаат право да живеат и работат во Велика Британија, но тоа ќе се промени кога државата ќе биде официјално надвор од европското семејство.