Кој стои зад успешен тим: Ова е клучот на најуспешните лидери!
Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2017
Зад секој успешен тим секогаш стои еден голем лидер. За најдобрите лидери е карактеристична специфична група на карактеристики кои го имаат клучот за нивната способност да водат.
Ова се 4-те најважни карактеристики кои треба да ги поседувате, ако сакате да бидете добар лидер.
1. Емпатија
Една од најважните вештини што човек може да ги поседува, е способноста да ги разбира останатите. Оние кои се во состојба да се стават на местото на некој друг и да ги разберат чувствата и емоциите кои тој ги чувствува, можат да реагираат адекватно на неговите потреби и желби.
Тоа разбирање води последователно до изградба на посилни и отпорни односи со луѓето од вашиот тим. Лидерите кои покажуваат емпатија, ќе ја добијат поддршката на луѓето околу нив и почнуваат да ја гледаат почитта во очите на своите вработени.
2. Искреност
Лагата и нечесноста се најлошите грешки во бизнисот. Еднаш ако ја изгубивте довербата на вашите вработени, тешко може да си ја вратите назад. Ова важи како во професионален план, така и во приватниот живот. Големите лидери секогаш одржуваат високо ниво на транспарентност, без разлика колку напор ги чини.
3. Одлучност
Еден од најголемите проблеми во нашата сегашност е неспособноста да избираме од многуте можности кои не опкружуваат. Во оваа модерна динамика е императив лидерите да бидат доволно решителни, за да управуваат со екипите во вистинската насока и да ги избегнат сите несакани фактори кои го киднапираат нивното внимание. Тие треба да донесат брзи и информирани одлуки во движење, да ги почитуваат фактите и податоците кои ги собрале претходно.
4. Оптимизам
Да бидете позитивни, кога работите не одат во насоката во која сте се надевале, дефинитивно не е лесно. Мотивацијата на тимот е првото нешто што поднесува удар од неуспехот и лидерот е тој што треба да го подигне расположението и да ја смири ситуацијата.
Вработените треба да се чувствуваат добро за да можат да го користат својот целосен потенцијал на работа. Нивната среќа треба да биде ваш приоритет.