19 Април, 2024
0.0282

Која е Македонката номинирана за најдобар имигрант во Канада?

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Преставничката на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Монтреал Александра Настеска е номинирана за топ 25 имигранти во Канада. Настевска е активист за зачувување на животната средина и е првата Македонка да биде номинирана за оваа престижна награда. Оваа нагдра се доделува на 25 канадски имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество. ОМД ги охрабрува сите Македонци во Канада да гласаат за Александра. - Почестена и возбудена сум што ме избраа помеѓу овие исклучителни 75 финалисти. Се надевам дека како финалист и како Македонка ќе им овозможам на канадските граѓани да дознаат повеќе за Македонија и нашата култура. Многу е важно да се подигне свеста на луѓето во врска со прашањата во Македонија, за имигрантите во Канада, како и да оствариме уникатен придонес како нација и како индивидуални Македонци. Доколку победам, се надевам дека оваа награда индиректно ќе создаде можности за други Македонци во Канада и ќе ги охрабри македонските имигранти од целиот свет да ги остварат своите соништа и нивното посакувано место во општеството, рече Настеска. Оваа година во Канада беа номинирани 600 имигранти, а жири комисијата ја избра Александра Настеска како еден од 75 финалисти. Во минатото добитници на оваа награда се пратеникот Оливија Чоу, глумицата номинирана за Оскар Депа Метха, како гувернерите Адриен Кларксон и Мишеле Жан. Лауреати се имигранти кои ја имаат прифатено нивната заедница и имаат придонесено кон канадското општество со поддршка и помош слична на таа кога прв пат пристигнале во Канада. Александра Настеска е родена во Скопје каде што прв пат се активирала во движењето за правата на жените преку учества во јавни панели на ОН за статусот на жените во Македонија и на Балканот. Таа живее во Канада веќе осум години и има работено во канадската јавна адмиснистрација и невладиниот сектор. На дваесет и девет години Настеска е основач на кампањата за канадско лидерство "Ние од Канада" која прерасна во меѓународно признато движење за мобилизација за време на Рио+20 конференцијана Обединетите нации.  Таа служела како директор за комуникации на кампањата, каде што успеалада кординира со повеќе од 40 волонтери низ целата земја со помош на нејзината стратегија за софистицираноангажирање. извор: инпресс

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година